Парада на љубовта

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Парада на Љубовта)
Прејди на: содржини, барај

Парадата на љубовта (германски: Loveparade) беше популарен електронски денс музички фестивал и парада која потекнува од 1989 година, во Западен Берлин, Германија. Се одржувал секоја година во Германија , меѓу 1989 и 2003 година имало настан во Берлин, а потоа од 2006-2010 во Рур. Настаните од 2004 и 2005 година во Берлин и настанот 2009 година во Бохум беа откажани [1].

На 24 јули 2010 година турканиците на луѓето на парадата се причина за смртта на 21 лице, и најмалку 500 повредени.[2] Како последица на тоа, организаторот на фестивалот, изјави дека нема повеќе да се одржува парадата на љубовта , со што фестивалот беше трајно затворен.[3][4][5]

Историја[уреди]

Парадата најпрво се одржала само неколку месеци пред паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година. Беше отпочната по иницијатива на Берлин Андерграунд и Матијас Роеинг (исто така познат како "Д-р Моте") и неговата тогашна девојка Даниел де Пикото. Беше замислен како политичка демонстрација за мир и меѓусебното разбирање преку љубовта и музиката. Тоа требаше да биде поголем роденден за Роеинг, подоцна "Д-р Моте", и мотото Friede, Freude, Eierkuchen (на англиски-мир, радост,Палачинки )со кое се залагаше за разоружување (мир), музика (радост) и фер производство и дистрибуција на храна (палачинки). Роеинг самиот се одвои од парадата во 2006 година поради комерцијализацијата на настанот.

Парадата се одржуваше на авенијата во Берлин Курфурстедамдо 1996 година. Поради пренатрупаноста на Курфурстедам, фестивалот се пресели на главната улица на Straße des 17. Juni ” во паркот Тигергарден во центарот на Берлин. Фестивалот зазема место околу споменикот Шеигешаул во средината на паркот; и златниот ангел на врвот на споменикот стана заштитен знак на парадата

Многу луѓе од Германија и странство патуваа во Берлин за да присуствуваат на парадата - над еден милион луѓе присуствуваа од 1997-та до 2000 -тата година и преку 800.000 во 2001 година. Публиката на фестивалот во 2001 година беше значително намалена, бидејќи датумот на парадата беше сменет и за тоа имаше многу касно известување. Во 2002 и 2003 година, исто така, имаше мал број на луѓе, а во 2004 и 2005 година парадата беше откажана поради тешкотии во финансирањето и противење на поголемиот дел од зелените партии на Германија. Парадата и даде лоша слика на опозицијата поради оштетување на паркот Тигергарден од страна на учесниците, кои немаа обезбедено доволно тоалети и ги вршеа своите природни потреби во паркот. Противниците наводно ги комплицираа работите за организаторите со резервација на свои настани во Берлин за да се исклучи парадата од тоа да биде во можност да се пријави во градската полиција. Во 2004 година, сепак, се одржа помал фестивал кој послужи повеќе како мини-протест и беше промовиран со наслов Љубовен викенд. Многу клубови го промовираа настанот низ целиот град, со што голем број на клубови останаа деноноќно отворени за време од тие три дена. Во 2006 година, парадата се поврати со помош на германското фитнес студио МекФит.

Парадата на љубовта за 2007 година беше планирана на 7 јули во Берлин. Сепак, настанот беше откажан во Берлин, во февруари, бидејќи Сенатот на Берлин не ги издаде потребните дозволи во тоа време. По преговорите со неколку германски градови, на 21 јули, беше најавено дека на парадата ќе се движи во областа Рур следните пет години. Првиот настан се одржа во градот Есен на 25 август. На парадата во Есен имаше 1,2 милиони посетители во споредба со 500.000 во 2006-тата година кои присуствуваа на парадата во Берлин.

Во 2008 година, фестивалот се одржа во Дортмунд на 19 јули на Бундерстраб 1 под мотото Автопатот на Љубовта. Настанот беше планиран како "Љубовен Викенд", со забави низ целиот регион. За прв пат беше претставена турската електронска сцена со свој сопствен настан, наречен"Туркиш Дилајт (Турско задоволство) ". Официјалната проценка е дека присуствуваа 1,6 милиони посетители , што ја прави најголемата парада досега.[6]

Настанот во 2009 , планиран за Бохум, беше откажан: една година подоцна, смртта на 21 учесник на местото Дуисбург го поттикна организаторот на парадата на Рајнер Шхалер да прогласи крај на фестивалот. "Парадата на Љубовта отсекогаш бил мирен настан, но засекогаш ќе остане во сенка на несреќата, и од почит кон жртвите на Парадата на љубовта тој фестивал никогаш нема повторно да се одржи ", изјави Шалер.[7] Парадата беше еден од најстарите и најголемите фестивали на електронска музика,заедно со Мејдеј и Нејчр Уан.

Организација[уреди]

Музиката која свиреше на настаните беше претежно електронска денс музика — во овој случај, главно транс, хаус и техно музика. Обидите да се воведат други музички стилови, како хип-хоп, не успеаја. Хардкор и Гебр (вид на техно музика) жанровите биле дел од парадата во раните години, но подоцна беа отргнати. Тие сега се празнуваат посебно на контра-демонстрација наречена "Факпарејд".

Парадата се смета за погласна и со повеќе луѓе отколку повеќето фестивали. Со своите јаки звучни системи за секој камион, на парадата имаше ексремно силен звук . По аранжманот од 2001 година ветеринарите во зоолошката градина во Берлин ја обвинија парадата за вознемирување на животните. Претседателот Хајнер Клоус изјави дека ветеринарите се жалеле дека јакиот бас ги вознемирувал животните.[8] Парадата беше составена од озвучени камиони, во кои обично пуштаа музика дј-и од познати клубови. Постана правило дека само на камионите, кои имале спонзори поврзани со техно музиката , како што се клубовите, издавачките куќи или продавниците,им е дозволено да учествуваат во парадата , но рекламниот простор е зголемен, откако за опремата камионите во 2006 година требаше огромна сума од финансиски средства. Камионите најчесто беа отворени на врвот и се карактеризираа со танчери, и звучници поставени на страната или на задниот дел.

Парадата беше место каде што некои беа изложени и уживаа во егзибиционистичките тенденции на други луѓе. Некои од присутните уживаа во носење играчки наоколу како што се цуцли или маски за лице. Често толпата беше имагинативна во поглед на облеката (но некои беа и без облека). Една позната слика од парадата е луѓе што седат и играат на уличните светилки, дрвја, трговски знаци, телефонски кабини, кој го даде прекарот на настанот "најголемиот аматерски циркус на светот".

Како крај на демонстрациите се одржува т.н "Abschlusskundgebung" што претставува полачасовни дј сетови од најдобрите светски топ диџеи како што се: Тиесто, Пол Ван Дајк, Карл Кокс, Армин ван Бурен, Дј Раш, Дј Хел, Вестбам, Драм Конекшн, Мис Џекс, Маруша и Крис Лебинг. За време на сетовите сите камиони (обично околу 40) се поврзани еден со друг и се присутни на статута на победата, каде што се грамофоните и дј опремата. Ова е една од ретките шанси каде диџеј некогаш пушта музика пред околу еден милион луѓе.

За време на викендот на парадата многу клубови одржуваа посебни настани и забави и викаа познати диџеи.Имаше од околу стотина забави во клубовите, главно, со ексклузивни гости, клубови со неколку спрата и десет илјади танчери. Многу луѓе доаѓаа во Берлин само за да отидат на парадата.

Нарушувања[уреди]

Парадата беше прилично мирна во однос на нејзината големина, бидејќи имаше неколку апсења. Во 2008 година, на пример, биле поднесени пријави за шест кражби, три престапи поврзани со сексуално насилство и четириесет помали кражби. Дваесет и три учесници беа фатени со дрога и четириесет и девет беа обвинети за нанесување телесни повреди. Имаше 177 привремено уапсени посетители на парадата од страна на полицијата [9] Апсењата се обично поврзани со дрога злосторства и многу други инциденти. Во 2000 година, на парадата, една девојка под дејство на екстази беше прегазена со метро откако била силно потпрена на вратата.

Несреќа 2010 година[уреди]

Во 2010 година на Парадата на Љубовта во Дуисбург, бројот на посетители достигна 1,4 милиони – додека нормалното очекување беше околу 800.000 -, а полицијата кажува дека биле присутни околу 400.000 луѓе.[10] 21 лице загинаа, а повеќе од 500 беа повредени, во. инцидент во близина на тунелот што води во фестивалот. Најмалку 20 луѓе завршија со задушување, предизвикано од гужвата на толпата.[се бара извор] Експерти за безбедност и инспекторот на противпожарната служба претходно предупреди дека местото не беше погодно за толкав голем број на луѓе.[7] Рајнер Шхалер, организаторот на фестивалот и главно извршно лице,подоцна рече дека фестивалот нема да продолжи во иднина, со што се стави крај на фестивалот.

Крајната истрага на Министерството за внатрешни работи им препиша тешка вина на организаторите околу Рајнер Шхалер. Шхалер пак тврдеше дека грешките се од страна на полицијата односно во контролата на посетителите кои доведоа до несреќата. [11]

Меѓународна парада на љубовта[уреди]

Постојат слични фестивали во други градови како Уличната парада во Цирих, Парада на Женевското Езеро, Денс парада во Ротердам и Парада на Љубовта во Виена. Во 1997 година Парадата на Љубовта се одржа во Сиднеј, Австралија. За разлика од другите земји, сепак, тоа е помала "рејв забава" верзија на фестивалот, која се одржа во Халата на Графитите во Редферн. Во саботата, 8 Јули 2000 година Парадата на Љубовта се одржа во Паркот Раундхеј, Лидс, Велика Британија спонзорирана од страна на ББС Радио 1.

Парада на Љубовта во 2007 година на Есен.

По одржувањето на Северо-Американскиот Континент, за прв пат во Мексико (2002), кон крајот 2004 година, Парадата на Љубовта се одржа во Сан Франциско. Тие имаа одржа својата инаугурална парада во септември 2004 година со 37.000 присутни. Парадата се одржа во Сан Франциско повторно во септември 2005 година, како знаменит успех за присуство на околу 50-60,000 луѓе. Во 2006 година, парадата се одржа на 23 септември и беше преименувана во Фестивал на Љубовта бидејќи организацијата на Парадата на Љубовта во Берлин ја откажале лиценцата за тоа име на фестивалот, како би можеле повеќе да се фокусираат на сопствените настани. Првата Парада на Љубовта во Каракас се одржа во јуни 2007 година и се собраа над 25.000 луѓе.

На меѓународно ниво, Парадите на Љубовта се одржаа во:


Химни[уреди]

Секоја година Парадата на Љубовта во Германија си има своја химна.

Year Artist Title
1997 Dr. Motte and WestBam Sunshine
1998 Dr. Motte and WestBam One World One Future
1999 Dr. Motte and WestBam Music Is the Key
2000 Dr. Motte and WestBam Love Parade 2000
2001 The Love Committee You Can't Stop Us
2002 The Love Committee Access Peace
2003 The Love Committee Love Rules
2006 WestBam & the Love Committee United States of Love
2007 WestBam & the Love Committee Love Is Everywhere (New Location)
2008 WestBam & the Love Committee Highway to Love
2010 Anthony Rother The Art of Love

Листа на места на одржување,мото и број на присутни на Парадите на Љубовта[уреди]

Year Location Motto Participants
1989 Berlin Friede, Freude, Eierkuchen
(Eng.) Peace, Joy, Pancakes
150
1990 Berlin The Future Is Ours 2,000
1991 Berlin My House Is Your House And Your House Is Mine 6,000
1992 Berlin The Spirit Makes You Move 15,000
1993 Berlin The Worldwide Party People Weekend 31,000
1994 Berlin Love 2 Love 110,000
1995 Berlin Peace on Earth 280,000
1996 Berlin We Are One Family 750,000
1997 Berlin Let the Sunshine In Your Heart 1,000,000
1997 Sydney
1998 Berlin One World One Future 800,000
1999 Berlin Music Is The Key 1,500,000
2000 Berlin One World One Loveparade 1,300,000
2000 Leeds Radio One – One Love 300,000
2001 Berlin Join The Love Republic 800,000
2001 Newcastle upon Tyne (cancelled)
2002 Berlin Access Peace 750,000
2002 Mexico City
2003 Berlin Love Rules 750,000
2004 San Francisco
2005 San Francisco
2005 Santiago Sal a la calle y baila (eng. Get out there and dance) 100,000
2006 Berlin The Love is Back 1,200,000
2006 San Francisco (as LoveFest)
2006 Santiago El Baile es de Todos 200,000
2007 Essen Love is everywhere 1,200,000
2007 Caracas Live the Love! 80,000
2007 San Francisco as LoveFest 89,000
2008 Dortmund Highway to love 1,600,000
2008 Rotterdam Olympic Edition 500,000
2008 San Francisco as LoveFest[12] 120,000
2008 Caracas Keep the Love Alive!
2009 Bochum (cancelled)
2009 San Francisco as LovEvolution[13] 150,000
2010 Duisburg The Art of Love 1,400,000

Наводи[уреди]

  1. [мртва врска]Loveparade 2009 Fällt Komplett Aus“, „Westdeutscher Rundfunk (WDR)“, 15 јануари 2009 (конс. 16 јануари 2009). (на German language)[мртва врска]
  2. „Love Parade report blames organisers for stampede – ABC News (Australian Broadcasting Corporation)“. Abc.net.au. http://www.abc.net.au/news/stories/2010/07/28/2966977.htm. конс. 28 јули 2010. 
  3. Staff writer (25 јули 2010). „Organisers Blamed for German Love Parade Deaths — Survivors of a Stampede at a Free Dance Music Festival in Germany in which 19 People Were Killed Have Blamed Organisers for the Deaths“. „BBC News. http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-10753448. конс. 25 јули 2010. 
  4. Mara, Darren; Levitz, David (25 July 2010)."Prosecutors Launch Investigation into Love Parade Tragedy — German State Prosecutors Have Opened an Investigation into the Stampede that Killed 19 People and Injured Hundreds at the Love Parade Music Festival in Duisburg — But Questions Remain as to What Caused the Tragedy". The Associated Press and Agence France-Presse (via Deutsche Welle). Retrieved 27 July 2010.
  5. Staff writer. „No More Love Parades, Organiser Says — The Love Parade Will Never Be Held Again, Organiser Rainer Schaller Said on Sunday at a Highly-Emotional Press Conference“, „The Local“, 25 јули 2010 (конс. 27 јули 2010).
  6. Volmerich, Oliver. „Feucht, fröhlich, friedlich“, 21 јули 2008, стр. DOLO1x1., in German language
  7. 7,0 7,1 Connolly, Kate (25 July 2010). "Prosecutors Investigate 'Ignored' Safety Warnings after 19 Die in Love Parade Crush — Organisers Allowed Just One Entrance to Music Festival Grounds for Expected Crowd of 1.4 Million, Witnesses Say". The Guardian. Retrieved 27 July 2010.
  8. visited 25 July 2010.
  9. Anon. „Friedliche Party“, 21 јули 2008, стр. LPDO1., in German
  10. „Love Parade Tragedy: No Resignations, Just Unanswered Questions – SPIEGEL ONLINE – News – International“. Spiegel.de. 24 јули 2010. http://www.spiegel.de/international/germany/0,1518,708676,00.html. конс. 28 јули 2010. 
  11. „Jetzt 21 Tote durch Loveparade-Katastrophe – Deutschland & Welt – Rhein-Zeitung“. Rhein-zeitung.de. http://www.rhein-zeitung.de/nachrichten/deutschland-und-welt_artikel,-Jetzt-21-Tote-durch-Loveparade-Katastrophe-_arid,117302.html. конс. 28 јули 2010. 
  12. http://www.sflovefest.org
  13. http://www.sflovevolution.org/

Надворешни врски[уреди]