Папрадиште (Велешко)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Папрадиште е село во Општина Чашка, во околината на градот Велес во областа Азот.

Папрадиште
Papradishte-Veleshko.JPG
Поглед на дел од селото Папрадиште од планинарскиот дом во селото
Папрадиште во рамките на Македонија
Папрадиште
Папрадиште (Македонија)
Општина Општина Чашка
Географски регион  
Население  7 жители жители
Поштенски број  
Повикувачки број  
Надморска височина  
Селска слава  

Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Селото се наоѓа во областа Азот, југозападно од градот Велес во горниот изворишен дел на реката Бабуна. Папрадиште е планинско село сместено на падините на планината Јакупица на надморска височина од 980 метри. Со асфалтен пат е поврзано со селото Богомила од кое е оддалечено 8 километри.

[уреди] Историja

Папрадиште заедно со Ореше се единствените мијачки села во областа Азот и целиот велешки регион. Селото е формирано од Мијаци од селата Тресонче, Лазарополе, Гари, Галичник во Мијачијата во Западна Македонија кои овде се доселиле бегајќи од нападите на албанските качачки банди.

[уреди] Економија

Папрадиште има погодни услови за сточарство (особено одгледување на овци) кое било главна гранка на неговите некогашни жители. Денес селото има големи ресурси за селски и планински туризам. Во Папрадиште постои планинарски дом (обновен пред неколку години) и селото е попатна станица на планинарите кои одат да ги освојуваат врвовите Чеплес и Солунска Глава.

[уреди] Демографија

Во селото живеат 2 жители, Македонци. За време на летото и верските и останати празници во Папрадиште доаѓаат неговите некогашни жители и нивните потомци кои имаат куќи во селото. Во овој период во Папрадиште доаѓаат и до 2000 луѓе, поранешни жители и нивни потомци кои живеат во Велес и Скопје.

Во 1961 година Папрадиште броело дури 716 жители, сите Македонци.

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

Во селото Папрадиште се наоѓа убаво уреден планинарски дом со кој стопанисува Еколошката Групација Green Power - Велес .Домот располага со 35 легла,санитарен јазол,потполно опремена кујна, туш кабини и сала за состаноци.Овој дом нуди идеални можности за поединечно или групно сместување за сите кои сакаат да го вдиша и уживаат во убавините на МИЈАЧКИОТ ОСТРОВ. Како грст бисери белите фасади од мијачките куќи се расфрлани низ бујната вегетација од букова и дабова шума.Овде можете да ја вдишете историјата на македонецот низ вековите, да уживате во фрескоживописот на црквата Св Петар и Павле - изградена од ненадминатиот неимар Андреја Дамјанов,а зографисана од на тајфата на Димитар Андонов - Папрадишки.Папрадише е село со богата традиција.Тука е роден македонскиот деец Димитрија Чуповски кој заедно со брат му Наце Димов ги посветија своите животи во борбата на македонскиот народ за национална и социјална слобода и независност.Селото Папрадиште и планинарскиот дом можат да бидат и одлична база доколку имате намера своето патешествие да го продолжите кон Чеплес или Солунска глава.Овде е навистина евидентна "божествената хубавина".Добредојдени сте во Папрадиште !

[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици