Папова вируси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Папова вируси[уреди]

Хуманите папилома вируси (HPV) спаѓаат во групата папова вируси и предизвикуваат различни видови брадавици на кожата и на слузокожата. Под дејство на вирусите, во епидермата доаѓа до рразмножување на клетките на бодликавиот слој и зголемување на клетките од рожестиот слој, при што се формираат промени над висината на кожата-брадавици (verrucae)
Верукозни дерматози се:

  • Обични брадавици(verrucae vulgares)
  • Брадавици на стапалата(verrucae plantares)
  • Плоскави брадавици(verrucae planae juveniles)
  • Старечки брадавици(verrucae seniles)
  • Себороични брадавици(verrucae seborrhaicae)
  • Полови брадавици(condyloma ocuminata)

Обични брадавици (verrucae vulgares)[уреди]

Обичните брадавици представуваат заразни брадавичести промени на откриените делови на телото. Причинител е вирусот од групата на папилома вируси. Инфекцијата настанува со директен контакт, поретко со индиректен контакт преку премети или преку автоинокулација (внесување на вирусот на брадавицата на околната здрава кожа кај иста личност). Времето на инкубација изнесува од 1 до 18 месеци.

Клиничка слика[уреди]

Брадавиците се тврди, полутопчести со јазолчиња големина како зрно леќа, грашок или грав. Во почетокот имаат боја на кожа, а подоцна поради хиперкератоза добиваат жолто-сива боја. Површината им е нерамна и распукана. Се јавуваат поединечно или во групи (од 1 до 10 и повеќе). Најчесто околу брадавицата која прва се појавила (примарна брадавица) се јавуваат нови (сателитни брадавици). Примарната брадавица секогаше поголема од сателитните брадавици. Најчесто се јавуваат на дорзалните страни на рацете и на прстите на рацете, претжно кај деца и млади. Кај децата што ги грицкаат ноктите може да се јават и под ноктите – субунгвални брадавици, кои многу тешко се лекуваат. Можат да предизвикаат трајни промени на ноктите. Промените покажуваат склоност кон спонтано исчезнување. Сепак, по отсранувањето или спонтаното исчезнување ,оже да рецидивираат (повторно да се појават)

Терапија[уреди]

  • Електрокоалугација- болна, но ефикасна метода. Брадавицата се отсранува во 1 сеанса. Пожелно е да се работи со локална анестезија. Можно е да остане лузна после интервацијата.
  • Криотерапија- лекување со снег од јаглеродна киселина или течен азот. Побрз ефект се постигнува со течниот азот, кој има температура од -196˚C, односно- 77˚K. Со помош на памук намотан на дрвено стапче се нанесува течниот азот на брадавицата. Притисок со стапче не треба да биде подолг од 20-30 секунди. Брадавицата и кружниот појас околу неа во ширина од 1 до 2mm треба да побелат. Сеансата се повторува еднаш неделно. Обично се потребни околу 5 сеанси, во зависност од големината на брадавиците. Помеѓу сеансите треба со остра кирета да се отсрануваат изумрените делови од брадавиците, само во толкава мера да не предизвикаат болка и крварење.
  • Оперативен третман

Брадавици на стапала (verrucae plantares)[уреди]

Брадавиците на стапалата представуваат длабоки и плоскави брадавици, најчесто покриени со дебел калус. Се пренесуваат при одење со боси нозе во спортски сали, базени и др. Се јавуваат кај деца и млади лица.

Клиничка слика[уреди]

На стапалата, најчесто во предниот дел и на петицата, каде што притисокот при одење и стоење е најголем се појавуваат една или повеќе брадавици. За разлика од обичните брадавици кои не предизвикуваат тегоби, брадавицата на стапалата при одење и стоење предизвикува силна болка која може да биде толку голема што го оневозможува движењето. Причината е тоа што брадавиците наместо да растат над кожата како трн растат во длабочина. На нивната површина се забележуваат кафеаво-црни точки поради крварење на капиларите во епителот

Терапија[уреди]

Најпрво треба да се направи диференцијална дијагноза помеѓу плантарните брадавици и клавус. Методите на лечење се исти како обичните брадавици. Бидејќи исклучително ретко исчезнуваат спонтано, а создаваат тегоби при носење и одење, нивното отстранување е неминовно. Најдобар начин на одстранување на овие брадавици е следниот: се сплицираат азот ули силицилна маст 60% еднаш неделно. Во меѓувреме со остра кирета се отстрануваат изумрените делови на брадавицата, слој по слој, но да не дојде до болка и крварење. Кога на овој начин ќе се дојде до коренот на брадавицата тој со локална анестезија се отстранува со кирета. Да се спречат рецидиви се мачка 4-5% салицилна маст во вазелин.

Плоскави брадавици (verrucae planae juveniles)[уреди]

Плоскавите брадавици обично се јавуваат кај децата и младите лица.

Клиничка слика[уреди]

Се јавуваат како групирани рамни ситни (глава на шпенадла, зрно, просо) папули, со боја на бело кафе или нормална боја на кожа. Обично се групирани на чеелото, образите, брадата, падлактиците и дорзалната страна на раката. Површината им е мазна и понекогаш се придружени со лесен јадеж. Може спонтано да исчезнат по неколку недели или месеци но може да пезсистираат и повеќе години.

Терапија[уреди]

Отстранувањето на овиее брадавици кај децата е најдобро со снег од јаглеродна киселина или течен азот во неколку сеанси.

Старечки брадавици (verrucae seniles)[уреди]

Старечките брадавици се јавуваат после четириесеттата година од животот во вид на израстоци со жолто-кафена или кафена боја.

Клиничка слика[уреди]

Кај постари луѓе, особенона грбот, лицето и на бочните страни на градниот кош, се гледаат жолтеникави, кафеави брадавици со големина на нокот, нерамна, рапава површина покриена со дебела масна наслага. Може да се јават ди десетина вакви брадавици. Прогнозата им е добра и не покажуваат склоност за претворање во тумори на кожата. Кога се поставува дијагноза за овие брадавици, секогаш треба да се помисли на милигниот меланом или старечката кератоза. Кај сенилните брадавици масниот слој од површината лесно се отсранува со гребење со кирета, додека површината кај сенилната кератоза е хиперкератотична и тешко се симнува. Малигниот меланом е со потемна боја и оди повеќе во длабочина на кожата.

Терапија[уреди]

Бидејќи прогнозата им е добра, не мора да се отстрануваат. Доколку се отстрануваат, се применуваат истите терапевтски методи како кај другите видови брадавици.

Себороични брадавици (verrucae seborrhaicae)[уреди]

Себороичните брадавици се јавуваат главно кај постари лица со себороична (мрсна) кожа. Причинителот е непознат.

Клиничка слика[уреди]

Се јавуваат најчесто на лицето и на бочните страни на трупот. Тие се плоскави, рамни, со висина до 2mm, рапава површина, со малку посветла боја од сенилните брадавици и масна наслага на површината. Прогноза – постојано с создаваат нови брадавици.

Терапија[уреди]

Како кај старечките брадавици.

Полови брадавици(condyloma ocuminata)[уреди]

Половите брадавици представуваат ХПВ- инфекција локализирана на гениталните органи и перианално. Се пренесуваат преку полов однос и се јавуваат почесто кај помладо, сексуално активно население. Докажана е поврзаноста меѓу гениталните ХПВ- инфекции и настанувањето на карцином.

Клиничка слика[уреди]

Инкубацијата трае од 10 дена до 8 месеци. Почетните промени се во вид на мала, меки папули со беличеста или црвеникава боја, кои постепено се зголемуваат и по број и по големина, се соединуваат и прераснуваат во карфиолести структури. Имаат мека конзистенција. Можат да се инфицираат и тогаш шират непријатна миризба. Половите брадавици никогаш спонтано не поминуваат, а може често да рецидивираат. Доколку не се лекуваат, брзо се размножуваат.

Терапија[уреди]

  • локална апликација на подофилин (три часа после мачкањето мора да се отстрани со миење, инаку доведува до воспаление, се аплицира 1-2 неделно)
  • електрокоагулација
  • криотерапија
  • киретажа

Потребно е да се лекуваат и двајцата сексуални партнери.