Папа Грегориј XI
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Gregorius XI | |
|---|---|
| Родено име | Пјер Роже де Бофор |
| Папа од | 30 декември 1370 |
| Папа до | 27 март 1378 |
| Претходник | Папа Урбан V |
| Наследник | Папа Урбан VI |
| Роден | 1329, 1331 или 1336 Росје де Елетон, Лимузин, Франција |
| Починал | 27 март 1378 Рим |
| Други папи по име Григур (појаснување) | |
Папа Григур XI (лат. Gregorius PP. XI)(1329, 1331 или 1336 - 27 март 1378) бил римски папа од 30 декември 1370 до 19 декември 1370. Тој бил Французин. Под влијание на Катерина Сиенска го вратил папскиот престол од Авињон во Рим, со што завршило 70-годишното авињонско папство.
Роденото име му било Пјер Роже де Бофор. За неговата дата на раѓање со поврзуваат годините 1329, 1331 и 1336. Тој му бил миленик на папата Климент VI, кој го назначил за кардинал на само 17 години. Учел право во Перуџа.
Во првите години од неговото папство се засилило влијанието на антифранцуската опозиција на италијанските граови, на чело со градот Фиренца. И покрај тоа, Григур решил да го врати папскиот престол во Рим, за што добил помош и од доминиканската владетелка Катерина Сиенска. Катерина сакала „своето италијакнско свето наследство“ да го врати во Рим, за што го повикала Григур XI. И покрај пречките, Катерина си го добила своето, и во 1376 папата Григур со 15 кардинали го завршил папството Авињон. За да гио смири жителите на Фиренца, кои биле против „францускиот“ папа, папата Григур искористил најмена војска, која главно се состоела од бретонски христијани.
Со војската раководел кардиналот Робер Женевски, кој вовел ред со жестоки мерки, убивајќи 4000 бунтовници во близина на Чезена. По ова папата им наложил на Фиорентинците интердикт. Со тоа, враќањето на папата во базиликата Свети Петар било проследено со крвави дејствија.