Папата Јоана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Папата Јоана јавно се породува за време на улична поворка. Забележете го шутот зад столбот како се подсмева на настанот, како и Коринтскиот столб кој има чудно лице на демон. Резба од Џовани Бокачо. Денес се наоѓа во Британскиот музеум. Околу 1353 год.

Папата Јоана била славна жена која наводно владеела неколку години за време на средниот век. Приказната првпат се појавува во записите од 13-тиот век[1], а потоа била проширена и преправана низ цела Европа. Со векови се мислело дека таа потекнува од старите верувања поврзани со римските споменици или од анти-папската сатира, иако денешните научници го сметаат ова за измислица.

Првото спомнување на жената-папа се појавува во приказната на Жан де Мајли, но најславната и највлијателна верзија била Chronicon Pontificum et Imperatorum од Мартин од Опава, напишана во 13-тиот век. Повеќето верзии на нејзината приказна ја опишуваат како талентирана и учена жена која се преправа во машко, во повеќето приказни по наредба на љубовникот. Во најобичните приказни, заради нејзините способности, таа се издига во црковната хиерархија, на крајот избрана папа; сепак, додека јава коњ, таа раѓа дете, на тој начин откривајќи го својот пол. Во многу верзии, таа умира набргу, убиена од збеснатата толпа или од природни причини. Нејзините наследници избегнувале да се потсетуваат на неа.

Легендата[уреди]

Средновековна уметничка изведба на папата Јоана со папска тијара (папска круна). Илустриран ракопис. Национална библиотека на Франција, околу 60-тите години на 16 век..

Првото спомнување на жената-папа се појавува во приказната за Мец од Доминиканецот Жан де Мајли, Chronica Universalis Mettensiс, напишана во почетокот на 13-тиот век. Во неговата приказна, жената-папа не е именувана, а настаните се случуваат во 1099 год. Според Жан:

Барање: Во врска со одредениот папа или поточно жена-папа, што не е ставена на листата на папи или бискупи на Рим, бидејќи била жена која се преправила во маж и поради нејзиниот карактер и знаење станала судски секретар, потоа кардинал и на крај папа. Еден ден, јавајќи коњ, таа се породува. Веднаш, според римската правда, ѝ била заврзана ногата за опашката на коњот и била влечена и каменувана од народот половина километар и каде што починала, таму била закопана, а на местото е запишано: ,Petre, Pater Patrum, Papisse Prodito Partum’ [Ох Петаре, татко на татковците, проколни го раѓањето на жената-папа]. Истовремено, четиридневниот пост наречен „пост на жената-папа“ бил воведен“

Жан де Мајли, Chronica Universalis Mettensis

Приказната на Жан де Мајли била изберена од неговиот пријател Доминиканец Етиен де Бурбон, кој ја вклопил во своето дело Седум дарови на Светиот дух. Сепак, легендата станала најпозната кога се појавила во третата рецензија (изменета верзија) на Chronicon Pontificum et Imperatorum од Мартин од Опава подоцна во 13-тиот век. Оваа верзија, која можеби била од самиот Мартин, е првата што му дала име на ликот, истакнувајќи дека таа била позната под името „Џон Англикус“ или „Џон од Мајнц.“ Таа исто така, го менува и временскиот период од 11-ти на 9-ти век, кажувајќи дека Јоана владеела меѓу Лав IV и Бенедикт III во 50-тите години на 9-тиот век. Според Chronicon:

Џон Англикус, родена во Мајнц, била папа две години, седум месеци и четири дена, а починала во Рим, по што следувало едномесечен прекин во папството. Се тврдело дека Џон била жена што како девојче била одведена во Атина облечена во машка облека со помош на нејзиниот љубовник. Таму таа се образовала во разни гранки од науката, сè додека ѝ немало рамен, а потоа во Рим учела за слободната уметност. Меѓу нејзините ученици и публика имало големи мајстори. Во градот се појавило високо мислење за нејзиниот живот и знаење; па така била избрана за папа. Сепак, додека била папа забременила од нејзиниот љубовник. Несвесна за точниот датум кога ќе се роди бебето, таа почнала да се пораѓа за време на поворката од црквата Св.Петар до Латеранската црква, по патот некогаш наречен Via Sacra (Светиот пат), но сега познат како „пат за избегнување“ меѓу Колосеумот и црквата Св.Климент. Се зборувало дека по нејзината смрт била закопана на тоа исто место. Папата секогаш ја избегнува таа улица и многумина веруваат дека ова се должи на гнасењето од тој настан. Таа не е ставена на листата на Светите папи, и поради нејзиниот пол и поради целата налудникава приказна.

Мартин од Опава, Chronicon Pontificum et Imperatorum

Една верзија на делото Chronicon дава различен крај на жената-папа. Според оваа верзија, таа не умира веднаш по нејзиното разоткривање, туку била затворена и симната од власт, по што потрошила многу години во покајание. Нејзиниот син од аферата станал бискуп на Остија и кога таа починала тој наредил да се погребе во неговата катедрала.

Други упатувања кон жената-папа дале раните писатели, иако ниту едно не се појавува во ракописите кои му претходат на Chronicon. Најцитираното е Anastasius Bibliothecarius (886 год.), составувачот на Liber Pontificalis, кој бил следбеник на жената-папа сè до времето на Chronicon. Сепак, приказната е најдена само во еден ракопис од Анастасиј. Овој ракопис кој се наоѓа во ватиканската библиотека, го содржи односниот премин внесен како фуснота на дното на страната. Тој не се совпаѓа во низата и не е логичен, и датира од времето по Мартин од Опава. Можно е овој „сведок“ на жената-папа да бил создаден според приказната на Мартин, но нема никаков извор за тоа. Истото е точно и за делото Приказна за папите од Маријан Скот, текст напишан во 11-тиот век. Некои од записите во таа приказна содржат кратко спомнување на жената-папа наречена Јоана (првиот извор кој ѝ дал женско име), но сите овие записи се по делото на Мартин. Легендата не се спомнува во претходните записи.

Некои верзии на легендата кажуваат дека наредните папи биле подложени на испитување, односно морале да седнат на стол кој имал дупка наречен sedia stercoraria (стол за вршење нужда) и таму кардиналот ги испитувал гениталиите за да се докаже дека папата е машко, а потоа објавувал „Duos habet et bene pendentes" („Има две, и се нишаат добро") или „habet" („има“) накратко.

Подоцнежни развивања[уреди]

Од средината на 13-тиот век па наваму, легендата била проширена, а многу луѓе верувале во неа. Јоана била користена како пример во доминиканската проповед. Бартоломео Платина, научник кој бил префект на вaтиканската библиотека, го напишал своето дело Vitæ Pontificum Platinæ historici liber de vita Christi ac omnium pontificum qui hactenus ducenti fuere et XX во 1479 год. по наредба на својот господар, папата Сикст IV. Книгата ја содржи следната приказна за жената-папа:

Папа Џон VIII: Џон, со англиско потекло, била родена во Мајнц и се велело дека ѓаволот ја донел во папската палата; таа се преправила во маж и уште кога била мала заедно со нејзиниот учител, учен човек, заминала во Атина каде го надоградила своето знаењето со помош на професорите таму така што, кога дошла во Рим запознала малку кои можеле да се рамнат со неа, многу помалку што знаеле повеќе од неа, дури и во знаењето за скулптурите; а од нејзиното знаење и прекрасно читање и расправа, стекнала толку голема почит и авторитет што по смртта на папата Лав IV (како што вели Мартин) со едногласна согласност била избрана за папа во неговата соба. Додека одела кон Латеранската црква меѓу Колосијанскиот театар (така наречен од Колосиј на Неро) и Св. Климент, нејзините породилни маки почнале и починала веднаш, по владеење од две години, еден месец и четири дена, и била закопана на истото место без никакви свечености. Оваа приказна е раскажана на груб начин, но од страна на несигурни и нејасни автори, па затоа зборував за неа малку и кратко, бидејќи се плашев да не звучам тврдоглав и упорен ако ги прифатев толку општите приказни. Направив подобра грешка со остатокот на светот, и да е точно, она за коешто зборував можеби не е толку неверојатно.

Нови спомнувања на жената-папа се појавиле во доцниот среден век и ренесанса. Џовани Бокачо пишувал за неа во De Mulieribus Claris (1353 год.). Во делото Chronicon од Адам од Уск (1404 год.) таа се вика Агнес, и се спомнува за статуа во Рим за која се мисли дека е нејзина. Оваа статуа никогаш и никаде не била спомната од некој писател порано; веројатно тоа било вистинска статуа за која се сметало дека е направена за жената-папа. Кон крајот на 14-тиот век излегло изданието Mirabilia Urbis Romae, водич за аџиите во Рим, кое ѝм кажува на читателите дека остатоците од жената-папа се закопани во црквата Св. Петар. Отприлика тогаш, долга низа на претходни папи биле симнати од власт којашто вклучува и жена-папа наречена „Јоханес VIII, жена од Англија“ и ја вклучуваат меѓу Лав IV и Бенедикт III.

На неговото судење во 1415 год., Жан Хас тврдел дека на црквата не ѝ е неопходен папа, бидејќи, за време на изборот на „папа Агнес“ (како што ја нарекувал), одело добро. Противниците на Хас на ова судење инсистирале дека неговото тврдење не потврдува такво нешто за независноста на црквата, но воопшто не оспорувале дека имало жена-папа.

Исто така, постоеле слични легенди на оваа. Во 20-тите години на 13-тиот век, Доминиканецот Роберт од Узес опишува визија во којашто го видел столот „каде што, како што велат, се проверува дали папата е машко.“ Папата Јоана е поврзана со неверојатни случувања. Џакомо Пенцио (филозоф 1495-1527 год.), во дело лажно препишано на Петрарка (1304-1374 год.), напишал во Chronica de le Vite de Pontefici et Imperadori Romani дека откако папата Јоана била разоткриена:

...во Бреша врнело крв три дена и три ноќи. Во Франција се појавиле неверојатни скакулци, кои имале шест крила и многу цврсти заби. Тие летале необично низ воздухот, и сите се удавиле во Британското море. Златните тела биле одбивани од морските бранови и го вознемирувале воздухот, па така многу голем број на луѓе умреле (Chronica de le Vite de Pontefici et Imperadori Romani од Франческо Петрарка).

По мрачното доба и средновековните хроничари, неколку протестантски писатели ја ставиле легендата за папата Јоана во нивните анти-католички дела. Во 1675 год., се појавила книга на англиски јазик насловена како Подарок за папски приврзаници: или животот и смртта на папата Јоана, јасно докажани од печатените копи, и записи од папски писатели и други, дека жена наречена Јоана, навистина била ПАПА на РИМ, и добила син-копиле таму, на самата улица додека одела на свечена поворка. Книгата опишува, меѓу другите приказни, приказна за наводната папа Јоана што раѓа син пред очите на сите, придружена со детална резба што прикажува прилично изненадено бебе кое ѕирка од под облеката на папата. Книгата била подпишана „Од ВИСТИНСКИ ЉУБОВНИК, одбивајќи ја човечката безгрешност.“ Според предговорот, авторот бил долго време мртов“ и бил „многу почитуван во римската црква“. Алан Боро му го препишува делото на Александар Кук во неговата книга, Митот за папата Јоана. Понатаму, предговорот кажува дека книгата првпат била испечатена во 1602 год. Дури во 19-тиот век, автори како Евалдус Кист и Карл Хејс ја дискутирале приказната како вистински настан. Сепак, други протестантски писатели, како Дејвид Блондел и Готфрид Лејбниз, не ја прифатиле приказната.

Анализа и критика[уреди]

Повеќето денешни научници не ја прифаќаат папата Јоана како средновековна легенда. Оксфордскиот речник на папи потврдува дека оваа легенда била широко прифатена со векови, дури и меѓу католичките кругови, но разјаснува дека „не постојат современи докази за жена-папа за ниту еден од датумите предвидени за нејзиното владеење,“ и понатаму кажува дека „познатите факти од тој период оневозможуваат да се вклопи (жена-папа) во нив“.

Во 1587 год., Флоримонд де Ремонд, судија во парламентот во Бордо и антиквер, го објавил својот прв обид повторно да ја создаде легендата, Erreur Populaire de la Papesse Jeanne (исто така последнователно објавена под името L'Anti-Papesse). Трактот применил на легендата за папата Јоана човечки техники на текстуелен критицизам, со намера да најде поверодостојни историски принципи на еклесиастичката историја, а легендата почнала да се разложува, делаљ по детаљ. Делото Erreur Populaire од Ремонд поминало низ петнаесет публикации, последната во 1691 год.

Во 1601 год., папата Климент VIII ја прогласил легендата за папата Јоана неточна. Нејзиното славно симнување од власт, запишано како Johannes VIII Femina ex Anglia, коешто било испечатено за низата папски фигури во Дуомо ди Сиена околу 1400 год., и било забележано од туристите, било или уништено или преиспечатено и преименувано, заменето од маж, папата Закари.

Легендата за папата Јоана била „успешно уништена“ од страна на Дејвид Блондел, протестантски историчар од средината на 17-тиот век што изјавил дека приказната за папата Јоана можеби потекнува како сатира против папата Јован XI, кој починал во почетокот на неговите 20 години. Блондел, преку детална анализа на тврдењата и укажаните временски периоди, кажува дека таков настан не би можел да се случи.

Италијанскиот историчар од 16-тиот век, Онофрио Панвинио, коментирајќи едно од делата на Бартоломео Платина кое е слично со Папата Јоана, претпоставувал дека приказната за папата Јоана може да потекнува од приказните за папата Јован XII; Јован како што изгледа имал многу љубовници, вклучувајќи една што се викала Јоана и што била многу влијателна личност во Рим за време на неговото владеење.

Католичката енциклопедија го образложува историскиот проблем со временскиот период:

Помеѓу Лав IV и Бенедикт III, каде што Мартин Полониј ја става неа, таа не се совпаѓа, бидејќи Лав IV починал на 17 јули 855 год. и веднаш по неговата смрт Бенедикт III бил изгласан од свештенството и Римјаните; но, заради ставањето антипапа, пред очите на симнатиот кардинал Анастасиј, тој не бил избран сè до 29 септември. Постојат монети со ликот на Бенедикт III и монети со императорот Лотар, што починал на 28 септември, 855 год.; па така Бенедикт мора да бил признат за папа пред овој датум. На 7 октомври 855 год, Бенедикт III издал повелба за опатијата Корвеј. Хинкмар, Римски архиепископ, го информирал Николај I дека гласникот што го испратиле да оди кај Лав IV по патот дознал за смртта на овој папа, па така ја предал петицијата на Бенедикт III, кој одлучил за неа. Сите овие сведоштва ја докажуваат точноста на датумите дадени за животот на Лав IV и Бенедикт III и немало никакви неисправности меѓу овие две папи, па така тука не постои место за наводната жена-папа.

Исто така, важно е тоа што непријателите на папството во 9-тиот век не спомнале никаква жена-папа. На пример, Фотиј I Константинополски, кој станал патријарх во 858 год. и бил симнат од страна на папата Николај I во 863 год., бил непријател на папата. Тој жестоко го бранел својот авторитет како патријарх над оној на римскиот папа и би го направил најголемиот скандал во тоа време во поглед на папството; но, тој не ја спомнува приказната ниту еднаш во никое од неговите обемни дела. Всушност, во еден наврат тој спомнува „Лав и Бенедикт, последователни големи свештеници во римската црква“.

Розмари и Дарол Пардо, автори на Жената папа: Мистеријата на папата Јоана, кажуваат дека ако постоела жена-папа, поверојатен временски период би бил 1086 год. и 1108 год., кога имало неколку антипапи; во ова време владеењето на легитимните папи Виктор III, Урбан II и Паскал II не било секогаш со седиште во Рим, бидејќи градот бил заземен од страна на Хенри IV, светиот римски император, а подоцна пљачкосан од страна на Норманите. Ова исто така, се совпаѓа со најстарата позната верзија за легендата, од Жан де Мејли, кадешто тој ја става приказната во 1099 год. Приказната на де Мејли била потврдена од неговиот партнер Стивен Бурбон.

Наспроти тежината на историските докази, од друга страна останува прашањето зошто приказната за папата Јоана била популарна и широко позната. Филип Џенкинс во Новиот анти-католицизам: Последната прифатлива предрасуда кажува дека периодичното обновување на, како што тој вели, „анти-папската легенда“ има повеќе заеднички работи со феминистичката и анти-католичка пуста мечта отколку со историската точност.

Sede stercoraria, престолот со дупка на седиштето, што сега се наоѓа во црквата Св.Јован Латерански (официјална резиденција на папите и центар на католицизмот) треба да биде испитан. Овој и други столови што изгледале како оние за вршење нужда биле користени во осветувањето напапата Паскал II во 1099 год., (Буро 1988 год.). всушност, еден уште стои во Ватиканскиот музеј, а друг во музејот Лувр. Причината за ваквиот дизајн на столот е дискутабилна. Некои тврделе дека потекнува од римското биде или кралски стол за породување, што поради неговата старост и кралски врски се употребувало во церемонии од страна на папите со намера да ги истакнат своите владетелски барања (како што направиле со нивниот латински назив, Pontifex Maximus).

Алан Буро го цитира хуманистот Џакопо д’Анџело де Скарпарија, што го посетил Рим во 1406 год. за крунисувањето на Грегориј XII. Папата накратко седел на два „продупчени стола“ во Латеранската црква: „... вулгарниот ја кажува лудата приказна дека е наежен што проверува дали тој навистина е маж“ знак дека ова од легендата за папата Јоана било сè уште присутно и во римската улица.

Средновековните папи, почнувајќи од 13-тиот век па наваму, навистина го избегнувале директниот пат помеѓу Латеранската црква и црквата Св. Петар , како што рекол Мартин од Опава. Сепак, нема докази дека ова датира од порано. Потеклото на оваа практика не е точно одредено, но, има големи шанси дека била задржана поради големото верување во легендата за папата Јоана и се мислело дека датира од тој период.

Иако неколку средновековни писатели ја нарекувале жената-папа „Јован VIII,“ вистинскиот папа Јован VIII владеел меѓу 872 и 882 год. Поради недостатокот на записи од темното доба, често има проблеми при одредувањето на настаните.

Проблем поврзан со легендата за папата Јоана е фактот што нема никаков папа Јован XX на ниту една листа. Се зборувало дека имало повторно внесување на папите за да ја исфрлат Јоана од историјата. Историчарите знаат од критичкото издание на Liber Pontificalis од Луј Дачн дека „повторното внесување“ всушност било поради неразбирање на текстуалното пренесување на официјалната папска листа. Во текот на 11-тиот век, во времето по Јован XIX, доаѓањето на Јован XIV било погрешно прочитано бидејќи имало две различни папи со ова име. Овие две папи подоцна биле разликувани како Јохан XIV и Јохан XIV бис („Јован XIV вториот“).

Постоењето на втор папа Јован XIV било широко прифатено во 13-тиот век, па така внесувањето на папата Јован XV преку XIX се мислело дека е погрешно. Кога Петар Хиспан бил избран за папа во 1276 год. и го избрал името Јован, тој одлучил да ја исправи оваа грешка со избегнување на бројот XX. Тој се нарекол Јован XXI, на тој начин потврдувајќи го претпоставеното постоење на Јован XIV „бис“ во 10-тиот век.

Во научната-фантастика[уреди]

Папата Јоана останала популарна тема за науно-фантастичните дела. Ја има во драмите, вклучувајќи ја Päpstin Johanna (1813 год.) од Лудвиг Ахим фон Арним, во еден дел од Бертолт Брехт, и во монодрамата, Папата Јоана од Зис ван дер Плуим (1996 год.).

Новелата Папата Јоана од грчкиот автор Емануел Ројдис ги фасцинирала Марк Твен и Алфред Жари и била преведена од страна на Лоренс Дурел под името Интересната историја на папата Јоана (1954 год.). Историската романса Папата Јоана (1996 год.) од Американката Дона Вулфолк Крос, неодамна била вклучена во германска музичка драма како и во филмот опишан подолу. Други новели во кои се појавува се: Das Mährchen von der Päpstin Johanna auf’s Neue erörtert (1829 год.) од Вилхелм Сметс, Црна магија (1909 год.) од Марџори Боувен, Папата Јоана (1912 год.) од Лудвиг Горм и Папата Јоана (2005 год.) од Ив Бише.

Постојат два филма. Филмот Папата Јоана (1972 год.), режиран од Мајкл Андерсон, во САД бил наречен Ѓаволскиот натрапник. Во 2009 год. филмот бил повторно снимен за да се вклучат повеќе работи од оригиналното сценарио на Џон Брили и бил објавен како Таа...што ќе биде папа. Новелата на Крос била инспирација за одложениот проект на Фолкер Шлондорф, на крајот режиран од Шонке Вортман како Die Päpstin (Папата Јоана).

Папата Јоана е личност од почетната сцена на феминистичката драма Девојките на врвот (1982 год.) од Карил Черчил.

Наводи[уреди]