Пан (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пан (бог))
Пан

Во старогрчката митологија, Пан (грчки: Πάν) бил бог на плодноста, дивината, овчарите, нивите, шумите и рустичната музика, чест придружник на нимфите.[1][2] Исто така, Старите Грци го сметале и за бог на театарската критика.[3] Најчесто, тој се опишува како човек со козји нозе и со козји рогови, исто како и сатирите. Неговата татковина била Аркадија, а често се поистоветува со сексуалноста. Исто така, зборот „паника“ потекнува од името на овој бог. Во римската митологија, Пан бил наречен Фаун (Faunus), богот на природата кој бил татко на Bona Dea, позната и како Фауна.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Името Пан потекнува од грчкиот збор paein што значи „пасе“. Во книжевна смисла, зборот пан значи сѐ, бидејќи според старогрчката митологија Пан бил душата на сите живи суштества и овој концепт го поврзува со шумите и со провалиите. Не случајно во современиот грчки јазик именката универзитет се преведува како panepistimio, каде што пан означува универзитет, сѐ, а епистимио означува знаење.

Потекло[уреди | уреди извор]

Маска на богот Пан (бронза, 340-320 п.н.е.), Збирката на Васил Бојков, Софија.

Постојат повеќе верзии за потеклото на Пан: според една верзија, негови родители биле Хермес и нимфата Дриопа, а според друга верзија, тој бил син на Афродита или Пенелопа. Богот Пан имал 12 деца: Силен (Silenos), Јинкс (Iynx), Крот (Krotos), Ксант (Xanthus), Апедија,[4] итн. Негова татковина била шумовитата земја Аркадија, каде живеел во друштво со сатирите и нимфите.[5]

Особености и дела[уреди | уреди извор]

За Пан се вели дека при раѓањето бил толку грд, со рогови, брада и со козји нозе, што неговата мајка веднаш избегала, а Хермес го однел на Олимп да служи за забава на боговите, но тој му бил брат на Зевс по млеко. Се забавувал по шумите на Аркадија, им помагал на ловците, а највеќе го сакал својот попладневен сон. Тој завел неколку нимфи, а една му го родила Крот, стрелец во астрологијата. Бил умешен, па ја изработил прочуената Панова шупелка што му ја украл Хермес, имал моќ на пророштво и обожавал да се фали со своите љубовни моќи. Тој е единствениот бог што умрел.[6] Еднаш, кога боговите се исплашиле од Тифон, Пан им предложил да се престорат во диви ѕверови и подоцна Зевс го убил чудовиштето. Поради помошта, боговите одлучиле Пан да го издигнат меѓу ѕвездите. Поради тоа што тогаш Пан се претворил во коза, ова соѕвездие се нарекуваме „Јарец“ (Каприкорн).[7] Пан се појавувал ненадејно, со голема бучава, и така им влевал страв на сите. Жителите на Атина верувале дека за време на Маратонската битка, со својата бучава, Пан ги уплашил Персијците, кои побегнале од страв. Оттука, произлегува зборот „паника“.[8]

Пан како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Пан го учи овчарот Дафне да свири на флаута, римска копија на грчки оригинал, околу 100. п.н.е., пронајдена во Помпеја

Во XVIII и во XIX век, Пан бил честа тема во романтичарското движење во Западна Европа, а во XX век бил вдахновение за појавата на Неопаганското движење.[9]

Познати дела во кои Пан се појавува како тема или како вдахновение се:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Pan" (Greek mythology) entry in Collins English Dictionary.
  2. Edwin L. Brown, "The Lycidas of Theocritus Idyll 7", Harvard Studies in Classical Philology, 1981:59–100.
  3. Alfred Wagner, Das historische Drama der Griechen, Münster 1878, p. 78.
  4. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 109.
  5. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, стр. 91.
  6. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, стр. 92.
  7. Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 124.
  8. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 113.
  9. The Triumph of the Moon: A History of Modern Pagan Witchcraft, Hutton, Ronald, chapter 3.
  10. Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015, стр. 51-54.
  11. Кнут Хамсун, Пан. Београд: Политика и Народа књига, 2004.