Паневропски коридор VIII

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Паневропски коридор 8)
Трасите на Паневропскиот коридор VIII.

Паневропски коридор VIII — еден од десетте паневропски сообраќајни коридори, и го поврзува Јадранско Море со Црно Море преку Албанија, Македонија и Бугарија.

Траса[уреди | уреди извор]

Основната траса на паневропскиот коридор VIII е: Бари – ДрачТирана – Елбасан – Струга – Кичево – Гостивар – Тетово – Скопје – Куманово – Крива Паланка – Ќустендил – Софија – Пловдив – БургасВарна.

Должина[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на Паневропскиот коридор VIII изнесува помеѓу 1220 и 1350 км, во зависност од специфичните особености на неговите патни и железнички траси. Преку територијата на Бугарија поминуваат 631 км патишта, а веќе изградениот железнички дел е 747 км. Околу 52% од патната инфраструктура и над 55% од железничката инфраструктура на коридорот се на бугарска територија. Тие се изградени и се во експлоатација. Единствениот неизграден бугарски дел по должината на коридорот е железничката линија од железничка станица Ѓуешево до бугарско - македонската граница, во должина од околу 2,5 км.

Железници[уреди | уреди извор]

Состојбата на сообраќајната инфраструктура по должината на коридорот е добра и непрекинато се осовременува, но железничките врски меѓу земјите не се изградени. Во тек е изградбата на линија Бељаковце - Крива Паланка - Ѓуешево помеѓу Македонија и Бугарија, како и таа меѓу Елбасан и Струга од албанска територија, која што е завршена на потегот од Елбасан до Поградец.

Наводи[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]