Пакински Атол
Од Википедија, слободната енциклопедија
Пакинскиот Атол е мал атол кој се наоѓа северозападно од брегот на сојузната држава Понпеј во Микронезија. Заедно со атолот Ант ги сочинуваат Сењавиновите Острови.[1] Пакин има население од 90 до 100 жители. Заедницата има традиционално водство признато под името „Сојуз на заедницата Пакин“ (Pakin Community Association). На Пакин има основно училиште и католичка црква. Најголем остров на атолот е Никахлап, а покрај него населени се и Паинпвел, Весетик, Мванид и Оламвин. Атолот е познат по нуркањето.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ Bendure, G. & Friary, N. (1988) Micronesia:A travel survival kit. South Yarra, VIC: Lonely Planet