Падот на Галиполи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Падот на Галиполи
Дел од Османлиско-византиски војни
Byzantine empire 1355.jpg
Датум март, 1354
Место Тракија
Исход Османлиска окупација
Завојувани страни
ВизантијаВизантија Отоманска империјаОсманлиска империја
Команданти и водачи
непознато Сулејман Паша

Падот на Галиполи во рацете на Османлиите се случил во март 1354 година. Византија во текот на околу еден век постојано била поразувана од страна на новата Османлиска империја. По падот на Никомедија, Византијците ги загубиле речиси сите територии во Анадолија. Пристапот кон Егејско море и Мраморно море означувал дека османлиите веќе можат своите освојувања да ги продолжат кон Пелопонез, Грција и понатаму кон север во Македонија, Србија и Унгарија.

За време на граѓанската војна во Византија (1352-135), турските платеници успевале да навлегуваат во внатрешноста на Тракија, создавајќи свои тврдини. На 2 март 1354 година, областа околу Галиполи била погодена од земјотрес уништувајќи стотици села и градови. Речиси секој објект од градот бил уништен[1]. Ова предизвикало локалните жители масовно да го напуштат градот. Така, во рок од еден месец, синот на османлискиот султан Орхан I, Сулејман со околу 3.000 војници се упатиле кон Галиполи и го окупирале.

Наводи[уреди]

  1. Ostrogorsky, p.530.