Павле Кузмановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Павле Кузманоски)

Павле Кузмановски (Тетово, 30 јуни 1939) е познат македонски академски сликар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кузмановски е роден во Тетово во 1939 година. Во 1966 година дипломирал на Академијата за применети уметности во Белград, Србија[1]. Неговото ателје се наоѓа во родното Тетово каде поседува огромна колекција на уметнички слики. Во 1989 година целосно ја живописува селската црква „Св. Атанасиј“ во тетовското село Фалише. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

Изложби[уреди | уреди извор]

Кузмановски бил учесник на преку 250 групни изложби во земјата и странство[2].

  • 1967 Тетово, Скопје (Везилка)
  • 1968 Тетово, Скопје (Везилка)
  • 1977 Нови Сад, (Мал ликовен салон)
  • 1997 Mузеј на Град Скопје (30 години творештво
  • 2005 Музеј на Град Скопје (Ретроспектива)
  • 2007 Скопје, Национална галерија на Македонија Мала станица (40 години цртеж)

Награди[уреди | уреди извор]

Кузмановски е добитник на повеќе награди:[2]

  • 1968 Ноемвриска награда за сликарство на град Тетово
  • 1980 Награда ДЛУМ - цртеж при НУБ Климент Охридски Скопје
  • 1986 Награда и Повелба за сликарство ЛИКУМ на Авторската агенција за СРМ
  • 1998 Награда МЕТОДИЈА ИВАНОВСКИ - МЕНДЕ, Сликарство мал формат, КИЦ Скопје
  • 2008 Награда за сликарство "Нерешки мајстори" - Годишна награда на ДЛУМ
  • 2010 Прва награда за тема "ОСТЕН" на 38 Светска галерија на цртеж - Уметност на хартија
  • 2013 Плакета Посебна награда на ОСТЕН - Светска галерија на цртеж
  • 2о15 Остенов уметник на годината 2014
  • 2015 Награда ЗЛАТЕН ОСТЕН
  • 2021 „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Каталог - 107 Македонски уметници во Париз“ (македонски и француски). Посетено на 2010-10-28.
  2. 2,0 2,1 „Автор: ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ“. ДЛУМ. Архивирано од изворникот на 2011-10-07. Посетено на 2010-10-28.
  3. „АТАНАС ВАНГЕЛОВ, ПАВЛЕ КУЗМАНОВСКИ, БЕДИА БЕГОВА И МАХИ НЕСИМИ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „11 ОКТОМВРИ". СДК. 4 октомври 2021. Посетено на 11 октомври 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]