П’клиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од П'клиште)
П’клиште

Поглед на малкуте стари куќи во селото П’клиште

П’клиште во рамките на Македонија
П’клиште
Местоположба на П’клиште во Македонија
П’клиште на карта

Карта

Координати 42°15′21″N 22°2′53″E / 42.25583° СГШ; 22.04806° ИГД / 42.25583; 22.04806Координати: 42°15′21″N 22°2′53″E / 42.25583° СГШ; 22.04806° ИГД / 42.25583; 22.04806
Регион  Североисточен
Општина  Ранковце
Население 16 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15041
Надм. вис. 1200 м
П’клиште на општинската карта

Атарот на П’клиште во рамките на општината
П’клиште на Ризницата

П’клиште — село во Општина Ранковце.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во крајниот северозападен дел на Општина Ранковце. Селото е високопланинско со куќи од раштркан тип, сместено на надморска височина од 1150 до 1250 метри.

Од општинското средиште Ранковце е оддалечено 20 километри, од кое води асфалтен пат.

Историја[уреди | уреди извор]

Населбата потекнува од доцноантичко време, што се гледа од наоѓалиштата Селиште и Градаш.

Селото во последниот период се преобразува во туристичка населба, при што од страна на општината бил донесен урбанистички план и се отпочнала постапката за продавање на плацеви за изградба на викендички. Планот опфаќа површина од осум хектари.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има претежно шумарско-поледелска дејност и најмногу се одгледува компир и житарици, додека од добиток, претежно говеда и овци.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948200—    
1953225+12.5%
1961236+4.9%
1971198−16.1%
1981125−36.9%
ГодинаНас.±%
199162−50.4%
199450−19.4%
200230−40.0%
202116−46.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[3]

Бројот на населението во селото отсекогаш бил мал, но денес селото е на прагот на целосно раселување, при што со пописот од 2002 година се запишани само 30 жители.[4] Сите се Македонци, а по вероисповед православни христијани.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 225 236 198 125 62 50 30 16
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

П’клиште е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во П’клиште се: Петровци (7 к.), Падинци (14 к.) и Чурчици (2 к.), сите овие родови се доселенички со непозната старина. Родот Петровци е најстар во селото и го знаат следното родословие: Ќиро (жив на 60 г. во 1973 година) Кузман-Карафил-Спасо-Величко-Иван, основачот на родот кој се доселил.[9]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година се наоѓала во некогашната општина Ранковце. Во рамките на општина Крива Паланка се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото припаѓало на Општина Герман, во која покрај Радибуш се наоѓало и селото Герман. Самата Општина Герман била дел од Кривопаланечката околија. Општината Герман постоела и во периодот 1950-1952 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Цветковска, Жаклина (6 септември 2012). „Во П'клиште се гради еколошки рај“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 14 јануари 2016.[мртва врска]
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски, Јован (ХАЗУ). Кривопаланачка област. Загреб. стр. 293–294. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  10. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]