Охридски санџак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Охридски санџак
Sanxhaku i Ohrit
Ohri Sancağı
санџак во Отоманската империја

1395–1864

Грб на Охридски санџак

Грб

Главен град Битола, Охрид
Историја
 -  Основана 1395
 -  Битолски вилает 1864
Денеска дел од Македонија и Албанија

Охридскиот санџак спаѓал меѓу наjстарите санџаци формирани во Румелискиот вилает. Како прв санџак-бег се смета аjдинскиот бег Џунеjд бег, коj на таа функциjа се споменува во 1406 година.

Според турски документи, Охрид под турска власт паднал 1395 година. Преземањето го извршил Чандарли Хаjрудин Паша, коj станал везир во функциjа на наjвисок воен командант и наjвисока личност по султанот.

Kако сигурен податок за присуството на Османлиите во Охрид, се наведува еден натпис од црквата Свети Илиjа, во охридското село Елшани коj датира од 1408 година.

Според трускиот попис од 1582 г., Охридската нахиjа имала вкупно 88, а Дебрца 32 села, или двете заедно 120 села. Вкупниот броj на население во двете нахии изнесувало 18.243 луѓе, од кои 13.592 во Охридската нахиjа и 4.561 во Дебрца. Врз основа на имињата на старешините на семеjствата од пописот може да се заклучи дека наjголемиот дел од населението било македонско.[1]

Кази во Охридскиот санџак[уреди]

  • Охридска каза со следниве нахии: Охридска, Дебрца.
  • Дебарска каза со следниве нахии: Горни Дебар, Жупа, Река и делумно Долго (Голо) Брдо.

Наводи[уреди]

  1. www.ohrid.org.mk, Падот под османлиска власт, пребарано на 24 мај 2010