Охридска синагога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Охридска синагога
Ahrida Sinagogu
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Религија Јудаизам
Округ Златен Рог
Осветен 15 век
Архитектонски опис
Архитектонски тип синагога
Карактеристики

Синагогата Ахрида (позната и како Охридска синагога) (турски:Ahrida Sinagogu) е еврејски храм кој се наоѓа во Истанбул, Турција.

Овој објект бил изграден во 15 век од страна на евреите по потекло од Охрид, Република Македонија, кои имигрирале во Отоманската Империја. Синагогата е една од двете кои се наоѓаат на Златниот Рог.

во текот на нејзината историја, најчесто за името на синагогата се користел Ахрида, според името на градот. Евреите во Истанбул пристигнале од Иберискиот Полуостров во 1492 година, за време на Реконквистата.

Објектот бил реновиран во 1992 година, по повод 500-годипнината од пристигнувањето на евреите во Отоманската Империја.