Охрже

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Исто така, постои и река Оре во северна Германија.
Охрже

Охрже близу Будине на Охрже
Извор Фихтел
Утока Елба
50°31′44″ СГШ 14°08′11″ ИГД / 
Земји во сливот Чешка, Германија
Должина 316 км
Прос. истек 38 м³/с
Сливно подрачје 6.255 км²
Извор на Егер (Охрже)

Охрже (германски: Eger, чешки: Ohře, Oharka или Ohara, келтски: Agara, полски: Ohrza) — река средна Европа со вкупна должина од 316 км. Од нив, на Германија отпаѓаат 65 км, а на Чешка — 251 км), каде е притока на Елба (Лаба). Сливното подрачје зафаќа 6.255 км², од кои 5.614 км² се во Чешка, а 641 км² во Германија. Ова е трета најголема река во Чешка.

Изворот на реката се наоѓа во Баварија на подножјето на планината Шнеберг во масивот Фихтел близу градот Вајсенштат. Егер тече низ „Езеро Вајсенштат“ и градовите Реслау, Марктлојтен и Хоенберг, каде ја напушта Германија. По околу 35 километри, Егер (немојте да бидете збунети со градот во Унгарија), како што реката е наречена на германски, ја поминува границата со Чешка и тече низ делови на Бохемија, кои до 1945 биле познати како Егерланд. Реката ги поминува градовите Хеб, (германски: Eger, како реката), Карлови Вари, Клаштерец на Охрже, Кадањ, Жатец, Лоуни и Терезин пред да се влее во реката Елба во Литомерице.

Неколку окрузи во Германија и Чешка создале иницијативе за еврорегион, именуван како Еурегио Егренсис за побрза соработна во регионот Егер/Охрже/Хеб.

Етимологија[уреди]

Постои чешка игра на зборови дека Охрже го добила нејзиното име од реката Teplá (означувајќи „топла“ на чешки) - „ohřát“ значи „да се згрее“. Меѓутоа, вистинското потекло, кое исто така се појавува во германското име, е келтско од Agara („Река Лосос“). Податоците покажуваат дека името како Agara, Agira, Agra во 800-тите и Egire, Egra или Ogra во 1000-тите и Eger во 1472.[1]

Теорија за Охрид[уреди]

Друга теорија тврди дека поради тоа што постои Охридско Езеро во Македонија, словенските племиња кои се населиле на Балканот, особено во Македонија околу Охридското Езеро, потекнувале од областа каде Охрже се наоѓал и така поради сличната природа го нарекле езерото во јужна Македонија со името Охрид.

Тек[уреди]

Најголем обем на проток се случува во пролет. Просечниот проток на реката на устието е 37,94 м³/с. Долниот дел на рекаа тече низ области со ниски просечни врнежи во Чешка (помалку од 500 мм).

Употреба[уреди]

Охрже главно е користена за наводнување и хидроенергија. Постојат две брани: Скалка (изградена во 1962–1964, површина 378 ha) и Нехранице (изградена 1961–1968, површина 1338 ha). Реката тече низ следниве важни градови: Хеб, Соколов, Локет, Карлови Вари, Остров, Клаштерец на Охрже, Кадањ, Жатец, Лоуни, Либоховице, Будине на Охрже, Терезин и Литомерице.

Притоки[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Friedrich Umlauft: Geographisches Namenbuch von Österreich-ungarn: Eine Erklärung von Länder-, Völker, Gau-, Fluss und Ortsnamen, A. Hölder, 1886.