Ото Лилинтал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ото Лилинтал

Ото Лилинтал околу 1896
Роден(а) Карл Вилхелм Ото Лилинтал
23 мај 1848(1848-05-23)
Анклам, Покраина Померанија
Починал(а) 10 август 1896(1896-08-10) (на 48 год.)
Берлин, Германија
Причина за смрт несреќа со едрилица
Почивалиште Гробишта Ланквиц, Берлин
Националност Прус, Германец
Занимање инженер
Познат(а) по успешни обиди при едрилици
Сопружник Агнес Фишер
(1878)
Деца 4[1]

Ото Лилинтал (германски: Otto Lilienthal; 23 мај 184810 август 1896) — германски пионер во воздухопловството, кој станал познат како крал на едрилиците. Бил првиот човек кој успеал да направи добро документирани, успешни и повеќе пати изведувани летови со едрилица. Го следел експерименталниот пристап претходно воспоставен од страна на Џорџ Кејли. Разни весници и списанија објавиле слики од летањето на Лилинтал, наведувајќи дека јавното и научното мислење околу можноста за летање станува реалност. За неговите придонеси кон воздухопловството во тоа време, често бил нарекуван и како „татко на летањето“.

Умрел поради здобиени повреди кога неговата едрилица откажала и не можел да ја контролира; при падот од околу 15 метри го скршил вратор.

Галерија[уреди]

Лилинтал редовно бил придружуван од фотографи на негово барање. Најголем дел од нив се добро познати, како Отомар Аншиц. Исто така, Лилинтал и сам ги сликал своите летачки машини по 1891.[2] Постојат најмалку 145 познати слики кои ги документираат тест-летовите, некои од нив со одличен квалитет. Сите се достапни на интернет на страница на Музејот Ото Лилинтал. Единствените негативи, чувани во Германскиот музеј во Минхен, биле уништени во текот Втората светска војна.[3]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Ото Лилинтал“ Енциклопедија на светска биографија, 2004. 7 јануари 2012.
  2. Лукаш, Бернд. „Лилинтал и фотографија“ Музеј Ото Лилинтал.13 јануари 2012.
  3. „Архиви на слики на Лилинтал“ Музеј Ото Лилинтал 13 јануари 2012.

Библиографија[уреди]

Надворешни врски[уреди]