Отомански поморски експедиции во Индиски Океан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Arabian Sea map mk.svg
Операција на Пири Рејс
Португалски бродови во Ормускиот Проток

Отоманските поморски експедиции во Индискиот Океан претставувале серија на операции во Индиски Океан во 16 век. Имало четири експедиции помеѓу 1538 и 1554, во времето на Сулејман Величествениот.

Позадина[уреди]

По експедициите на Васко де Гама, моќната португалска морнарица ја презела контролата на Индискиот Океан во почетокот на 16 век. Тоа претставувало закана за крајбрежните градови на Арапскиот Полуостров и Индија. Членови на морнарицата се населиле во Гоа, град на западниот брег на Индија во 1510 година.

Отоманската контрола на Црвено Море во меѓувреме започнала во 1517 кога Селим I го зазел Египет. Поголемиот дел од Арапскиот Полуостров набргу паднале доброволно под Отоманската империја. Пири Рејс, кој бил познат по својата мапа на светот ја претставил на Селим само неколку недели по зазимањето на Египет. Во таква ситуација започнало турско-португалското ривалство. Селим започнал преговори со Музафер II, султан на Гуџарат во Индија за можни заеднички дејства против Португалија во Гоа[1]. Сепак, Селим починал во 1520 година.

Во 1525 за време на владеењето на Сулејман I, Селман Рејс бил назначен како адмирал на отоманската флота во Црвеното Море и бил задолжен за одбраната на отоманските крајбрежни градови против португалските напади. Во 1534 Сулејман пристигнал до Басра и Персиски Залив. Отоманската империја уште се соочувала со проблемот на португалските контролирани брегови. Повеќето крајбрежни градови на Арапскиот Полуостров биле или португалски пристаништа или португалски вазалства. Друга причина за ривалство меѓу двете земји била во трговијата. Во 15 век главните трговски патишта од Далечниот Исток до Европа се одвивале преку Црвеното Море и во Египет. Додека Отоманската империја имала голема моќ на Медитеранот, таа не била во можност да ја пренесе морнарицата во Црвено Море. Новата флота била изградена во Суецкиот канал. Официјалната причина на експедиците во Индискиот Океан била поканата од Индија[2].

Експедиција од Хадим Сулејман Паша, 1538[уреди]

Бахадур Шах, (син на Музафер II кој преговарал со Селим) апелирал до Константинопол за заедничка акција против португалската морнарица. Сулејман I ја искористил оваа можност за да ја провери португалската доминација во Индискиот Океан и го именувал Хадим Сулејман Паша како адмирал на неговата флота. Поморските сили биле составени од околу 90 галии. Во 1538 година тој пловел кон Индија преку Црвеното и Арапското Море, само за да дознаее дека Бахадур Шах бил убиен за време на судирите со португалската морнарица и неговиот наследник направил сојуз со Португалија. По неуспешната опсада на Диу, тој одлучил да се повлече. На својот пат назад кон Суец тој го освоил поголемиот дел од Јемен.

Експедиција од Пири Рејс, 1548-1552[уреди]

По првата експедиција, португалската морнарица гo зазела Аден и го ставилa под опсада градот Џеда (во денешна Саудиска Арабија) и се обидeле да навлезат во Црвеното Море. Целта на втората експедиција била да се врати власт во Црвеното Море и Јемен, да се блокира португалскиот пристап кон Персискиот Залив и да се обнова османлиската контрола над Индиски Океан.

Новиот адмирал бил Пири Рејс (кој претходно ја презентирал својата Мапа на светот на Селим), во 1548 година го зазел Аден и ја обезбедил контролата на Црвеното Море. Тој продолжил кон исток и го зазел Мускат во 1552, пропирувајќи ја османлиската власт во денешен Оман. Областа околу Мускат под контрола на Португалија паднала во 1507 година. Тој потоа заминал за Ормускиот Проток во Персискиот Залив и успеал да го зазеде. По зазимањето на Катар тој одбил да продолжи со работа и се вратил во Суец. Поради овој потег подоцна тој бил казнет од султанот.

Експедиција од Мурат Рејс Постариот, 1552[уреди]

Целта на оваа експедиција била да се донесе флотата назад кон Суецк. Новиот адмирал бил Мурат Рејс Постариот. Додека се обидувал да плови надвор од Персискиот Залив, тој наидел на голема португалска флота каде доживеал неуспех.

Наводи[уреди]

  1. History cooperative
  2. Prof Dr. Yaşar Yücel-Prof Dr. Ali Sevim :Türkiye Tarihi II, Türk Tarih Kurumu Yayınları,1990,İstanbul Шаблон:Page needed