Отворен пат

Од Википедија — слободната енциклопедија

Отворен пат (англиски: The Open Road) е американски филм од 2009 година, во режија на Мајкл Мередит. Главните улоги ги толкуваат: Џастин Тимберлејк, Џеф Бриџис и Кејт Мара, а во филмот се појавува и кантри-пејачот Лајл Ловет.

Содржина[уреди | уреди извор]

Карлтон Гарет (го игра Тимберлејк) е син на легендарниот играч на безбол Кајл Гарет (го игра Бриџис). Карлтон оди по стапките на својот татко и игра за второлигашки клуб. Една вечер, него ќе го повика дедо му Амон, известувајќи го дека мајка му е во болница, каде што итно мора да се оперира, но одбива да ја потпише согласноста за операцијата додека не се види со поранешниот сопруг Кајл. Така, Карлтон тргнува во потрага по својот татко, придружуван од девојката Луси.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Во потрага по отуѓениот татко“, Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 3.