Отворено тениско првенство на САД

Од Википедија — слободната енциклопедија
US Open
(ЈуЕс Опен)
Гренд Слем
ЛокацијаФлашинг, Њујорк Сити
 САД
Подлогатврда / отворено
Учесници (мажи)128 п / 128 кв. / 64 дв.
Учесници (жени)128 п / 96 кв. / 64 дв.
Награда£ 19,600,000
Официјално мрежно место
Гренд Слем Турнири

Отвореното тениско првенство на Соединетите Американски Држави, попознато како ЈуЕс Опен е четвртиот и последниот настан во низата на Гренд Слем тениските турнири. Се одржува секоја година во период од две недели, на крајот на август и почетокот на септември. Главниот турнир се состои од пет симултани натпреварувања: подинечно кај мажите и жените, двојки во машка и женска конкуренција, како и мешани двојки; покрај овие првенства, паралелно се одржуваат и посебни турнири во сениорска и јуниорска конкуренција, а исто така се одржува и турнир за тенисери во инвалидска количка. Од 1978 година, турнирот се игра на акрилична тврда подлога на терените на Флашинг Медоус во предградието на Њујорк - Квинс.

Отвореното Тениско Првенство на САД се разликува од останатите три гренд слем турнири по тоа што во последниот сет се игра тај-брејк. На Австралијан Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, петтиот сет кај мажите, односно третиот за жените се игра сè додека некој не победи со разлика од два гема.

Во 2006 година, ЈуЕс Опен стана првиот Гренд Слем што ја внесе инстант риплеј проверката на судиските одлуки, со помош на новата технологија наречена соколово око. Се применува само на централните терени (Еш и Армстронг) и на секој од играчите му дозволува на двапати да предизвика судиска одлука во текот на еден сет (и уште една можност во случај сетот да влезе во тај-брејк), но доколку е во право тој не го губи правото повторно да ја предизвика одлуката на судиите. Имено, тенисерот, под претпоставка секој пат да е во право, може да предизвика судиски одлука и сто пати - сè на сè (со се тај-брејкот) има можност трипати да погреши при предизвикувањето на некоја одлука во еден сет. Откако предизвикот ќе биде направен, се врши и официјална проверка (3D компјутерска анимација заснована на снимките добиени од неколку камери) и истата се прикажува на голем екран кој во исто време може да го видат играчите, судиите и публиката на стадионот и пред телевизиските приемници. Се вели дека системот работи со 100% прецизност до мерка од 3,8 cm. Во текот на УС Опен 2006, 30.5% од предизвиците кај мажите и 35.85% од оние кај жените биле одбиени [1].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Вимблдон
Гренд Слем турнир
август-септември
Наследник
Никој