Отворање со ловец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Отворање со ловец
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e5 црн пешак
c4 бел ловец
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Потези 1.e4 е5 2.Lc4
ЕШО C23-C24
Потекло ?
Предотворање Отворена игра
На Chess Games

Отворање со ловец е шаховско отворање кое настанува со потезите

1. e4 e5
2. Lc4

Отворањето со ловец е едно од најстарите отворања кое било нанализирано. Тоа било проучувано од Луис Рамирес Луцена и Реј Лопес де Сегура. Подоцна тоа било играно од Филидор. Ларсен бил еден од неколкуте велемајстори кој го играл отворањето по неговата прва примена во 1964. Иако отворањето со ловец е невообичаено во современиот шах, тоа било играно во некои случаи, најчесто како изненадување за противникот од страна на Гари Каспаров. Џон Нан го играл ова отворање за да ја избегне Руската партија (1.e4 e5 2.Sf3 Sf6),[1] и Петар Леко го играше на светското првенство во шах во 2007 против Владимир Крамник.

Белиот го напаѓа пунктот f7 и го оневозможува црниот да го движи својот d-пешак до полето d5. Без примена на почетничкото правило: „развивајте ги коњите пред ловците“, белиот го остава својот f-пешак слободен, дозволувајќи си ја можноста да одигра f2-f4. Ова му дава на отворањето со ловец афинитет како Кралевiot гамбит и Виенската партија, отворања кои ги имаат сличните одлики. Всушност, отворањето со ловец може да се трансформира во Кралев гамбит или Виенска партија, или во Италијанска партија или Одбрана со два коња, но возможни се и трансформации во други отворања. Вообичаено, на белиот му останува тревогата за шанса за трансформација во некоја од за него одличните варијанти на Кралевiot гамбит, но со внимателна игра црниот може лесно да ја избегне опасноста.

Вивер Адамс во неговото класично дело „Белиот на потег и победува“ тврди дека отворањето се пешак било победа за белиот со моќна игра од вториот потег.[2] И покрај тоа, тој не бил способен да го докаже ова со победи над противници посилни од него. Адамс, кого велемајсторот Лари Еванс го опишал како „поврзан со радикалното десно крило во шахот“, подоцна го заменил отворањето со ловец со Виенската партија, тврдејќи дека тоа отворање полесно води кон победа отколку отворањето со ловец.[3] Велемајсторот Ник де Фирмиан, во 14-то издание на Модерни шаховски отворања заклучува дека отфворањето со ловец води кон еднаквост при најдобра игра од обете страни[4] и забележува дека „меѓу современите шахисти, само Бент Ларсен го има играно многу, но само Каспаров му има дадено полет (победувајќи против Бареев).“[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Рубен, Стјуарт (1992). Шаховски отворања - Ваш избор!. Cadogan Chess. стр. 59. ISBN 1-85744-070-6.
  2. Адамс, Вивер (1939). Белиот на потег и победува. David McKay Company. стр. 9–12.
  3. Еванс, Лари (1970). Шаховска каташизма. Simon and Schuster. стр. 147, 153. ISBN 671-21531-0 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  4. де Фирмиан, Ник (1999). Модерни шаховски отворања. David McKay Company. стр. 144–45. ISBN 0-8129-3084-3.
  5. Id. на 143.

Книги[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]