Музејски остров
52°31′17″N 13°23′44″E / 52.52139°N 13.39556°E
| Музејски остров, Берлин* | |
|---|---|
| Светско наследство на УНЕСКО | |
|
|
|
| Држава | |
| Тип | Културен |
| Критериуми | ii, iv |
| Навод | 896 |
| Регион** | Европа и Северна Америка |
| Записно минато | |
| Запис | 1999 (23то заседание) |
| * Име според официјален запис на списокот. ** Регион според класификацијата на УНЕСКО. |
|
Музејскиот остров (герм. Museumsinsel) во Берлин е името на северната половина од островот во реката Шпре која протекува низ центарот на Берлин, и на кој се наоѓаат неколку светски познати музеи кои ги поставил уште кралот Фредерик Вилијам IV од Прусија во 1841. Изградени од неколку последователни Пруски кралеви, колекциите на уметност и археологија биле преобразени во јавна фондација (Фондација за Пруско културно наследство) по 1918. год., и таа се грижи за музеите до денес.
Колекциите биле ограбени и поделени по Втората светска војна, но денес се обединети и прибрани, со исклучок на Пријамовото азно, исто познато и како Златото на Троја, откопано од Хајнрих Шлиман во 1873, потоа прошверцувано од Турција во Берлин, а денес се наоѓа во Пушкиновиот музеј во Москва, Русија.
Постојат неколку музејски поставки во посебни згради:
- Стариот музеј е завршен во 1830., и содржи колекција на антиквитетите на Прусија. Архитект е Карл Фридрих Шинкел.
- Новиот музеј се наоѓа позади Стариот музеј, бил завршен во 1859. год., бил скоро целосно уништен во Втората светска војна, а денес се реконструира. Кога ќе биде завршен во 2009., се планира да ја содржи Египетската и предисториската поставка, како и пред војната.
- Старата национална галерија била изградена во 1876. и во неа е изложена уметност од 19. век донирана од банкарот Јоаким Х.В. Вагенер. Колекцијата била значајно зголемена, и денес е една од најголемите збирки на скулптури и слики од 19. век во Германија. Денес, галеријата ги изложува само сликите, а скулптурите се изложени во блиската Фридрихсвердерска црква.
- Кајзер-Фридриховиот музеј бил отворен во 1904., денес е наречен „Боде“. Сместен е на северниот врв на островот и лесно е препознатлив по бакарната купола. Содржи колекции од антички и византиски скулптури и уметнички предмети.
- Последниот изграден, и можеби највреден музеј е Пергамон, завршен во 1930. година, кој изложува реконструкции во оригинална големина на монументални антички згради, како што се Пергамонскиот олтар, портата Иштар на Вавилон и портата на пазарот во Милет. Овие реконструкции се состојат од оригиналните делови пренесени од местата кајшто се пронајдени.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Музејски остров“ |
- Страница на Музејскиот остров (германски)
- Музејски остров — интерактивна панорама 360° во текот на Фестивалот на севетлата