Османлиско-мамлучка војна (1485–1491)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Османлиско-мамлучка војна
(1485–1491)
Дел од Отомански војни на Блискиот Исток
Ottoman Mamluk horseman circa 1550.jpg
Датум 1485-1491
Место Анадолија, Сирија
Исход Stalemate
Завојувани страни
Отоманска империја Османлиска империја Мамлучки султанат
Команданти и водачи
Отоманска империја Бајазит II Каитбег
Сила
60,000 непознато

Османлиско-мамлучката војна траела во периодот од 1485 до 1491 година. Конфликтот започнал кога Отоманската империја го нападнала Мамлучкиот султанат на територијата на Анадолија и Сирија. Оваа војна била суштински настан во борбата на Османлиите за доминацијата на Средниот Исток.

Позадина[уреди]

Односот меѓу Отоманците и Мамлуците биле заладени поради натпреварот за контрола на трговијата со зачини, а Османлиите се стремиле за зазимање на светите исламски градови. Двете држави сепак биле разделени со тампон зона и земји како Караманија, Ак Којунлу, Рамаданија и Дукладирија. Овие земји постојано зазимале страна во конфликтот на двете земји. Кога во 1481 година Бајазит II застанал на престолот, неговиот брат Кем султан кој имал голема подршка во Анадолија започнал востание за тронот. Кога бил поразен тој побарал засолниште кај Рамаданија од каде заминал кај Мамлуците.Иако тие одбиле да му помогнат во конфликтот, овој чин предизвикал големо непријателство кај Бајазит. Односите дополнително се заладиле кога бил заробен османлискиот амбасадор кој се враќал од Декан со индискиот амбасадор со подароци за османлискиот султан.