Османлиско-египетска војна (1831–1833)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Османлиско-египетска војна

Карта на Сирија
Датум 1831-1833
Место Од Сирија до Адана
Исход Египетска победа. Сирија и Апепо биле вклучени во територијата на Египет
Завојувани страни
Египетски вилает  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Мухамед Али Паша

Ибрахим Паша

Махмуд II

Рашид Мехмед Паша

Сила
100,000 145,000
Жртви и загуби
мали непознато

Првата османлиско-египетска војна или Првата сириска војна (1831–1833) се водела од страна на Османлиското Царство од една и Египетскиот вилает од друга страна. Војната започнала кога Мухамед Али Паша побарал од Османлиите контрола над Голема Сирија како награда за неговата помош што учествувал во војната против Грција на Крит. Како резултат на конфликтот, египетските сили привремено добиле контрола над Сирија, стигннувајќи на север до Адана.

Позадина[уреди | уреди извор]

Во текот на Грчката војна за независност, Османлиите побарале од Египет кој бил под нивна контрола да испратат воени бродови за да им помогнат на османлиските флоти. Во Битката кај Наварино османлиските и египетските сили доживеале пораз од страна на англо-руско-францускиот сојуз. Кога по војната владетелот на египетскиот вилает Мухамед Али Паша побарал награда поради учество во конфликтот, тој бил одбиен.

Конфликт[уреди | уреди извор]

Поради ова, Мухамед Али ја испратил својата војска во Сирија под команда на неговиот син Ибрахим Паша заедно со неговата морнарица на чело со генералот Ибрахим Јакан кој заминал кон Јафа. Силите на Египет многу бргу го окупирале Ерусалим и крајбрежните региони на денешните земји Палестина и Либан.

Така следувале неколку битки меѓу двете страни. На 14 април 1832 година силите на Египет на чело со Ибрахим Пашаги поразиле османлиските сили на чело со Отман Паша. По ова следувало окупација на Дамаск, Алеп и Антиохија. Египетските сили стигнале дури до градот Адана каде прекинале со нападите.

Османлискиот султан се сретнал со големиот везир Рашид Мехмед Паша и организирал поход од 80,000 војници. Во Битката кај Коња на 21 декември 1832 година Османлиите доживеале голем пораз по кое Египет се заканил дека ќе го продолжи до самиот Цариград. Но во февруари 1833 година Османлиите влегле во сојуз со Русија од каде добиле воена помош од Николај I.

По конфликтот[уреди | уреди извор]

Египќаните на крајот биле принудени да се откажат од инвазијата поради британскиот и францускиот притисок. Иако на почетокот на конфликтот тие го поддржале Египет, сепак му се заканиле дека доколку не престане со нападите ќе следи воена акција. Главната причина за овој притисок на Франција и Велика Британија бил поради стравот дека ослабената Османлиско Царство доколку биде нападната во нејзиниот центар би можело како главен фактор да се издвои Руската Империја која на крај ќе добие најголема корист.

Така војната завршила во 1833 година а Египет ја продолжил контролата над Сирија и голем дел од Арабија. Според мировниот договор од Ќутахија, Сирија и Адана биле преотстапени на Египет[1] , а Ибрахим Паша станал генерален гувернер на двете провинции. Подоцна истата година Русија и Османлиите го потпишале договорот според кој двете земји се согласиле на заемна помош доколку една од двете империии влезе во конфликт со некоја друга земја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Convention of Kütahya“. Encyclopædia Britannica Online. 2011. Посетено на 2011-03-18.