Ослово

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ослој)
Ослово
Παναγίτσα
Ослово is located in Грција
Ослово
Ослово
Местоположба во областа
Ослово во рамките на Воден (општина)
Ослово
Местоположба на Ослово во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°31.11′N 21°50.88′E / 40.51850° СГШ; 21.84800° ИГД / 40.51850; 21.84800Координати: 40°31.11′N 21°50.88′E / 40.51850° СГШ; 21.84800° ИГД / 40.51850; 21.84800
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаОстровско Езеро
Надм. вис.&10000000000000720000000720 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно682
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ослово или Ослој (грчки: Παναγίτσα, Панагица, до 1926 г. Όσλοβο, Ослово[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 682 жители (2011). Во неодамнешното минато било населено исклучиво со Македонци, но Турците присилно ги одзеле имотите и целот осело така станало турска населба.[3] Денес населението е сочинето од грчки доселеници од Турција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 5 км северно од Острово и 20 км западно од Воден. Лежи во подножјето на планината Ниџе, на надморска височина од 720 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во древноста[уреди | уреди извор]

Западно од Ослово во правец на Жерви е откриена Ословската древна населба која била населена од бронзеното време, па сè до хеленистичкиот период.[4]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Ослово како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 Ослој (Osloy) е село со 55 домаќинства и 96 жители Македонци[7] и 115 Македонци-муслимани.[8][9]

На почетокот на XX век Ослово е заведено како село во Воденската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Ослој (Ослави) живееле 50 Македонци[7] христијани и 1.100 Турци.[10] Целото хирстијанско население било под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ослово (Oslovo) имало 16 Македонци[7] под егзархијата.[11] Последните македонски жители биле принудени да се преселат во соседното село Жерви.[3]

Припојување кон Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Ослово било припоено кон грчката држава, кога имало 1.327 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води како чисто турска населба со 350 куќи.[3] Во 1920 се евиентирани 1.274 жители, сите Турци.[3] Со размената на населението по Лозанскиот договор од 1923 г., Турците се иселиле во Турција, а на нивно место дошле Грци-доселеници од Понд, Тракија и Мала Азија. Пондите со себе ги донеле иконите и богослужбените предмети од родното место, кои датираат од XV-XVI век и денес се наоѓаат црквата „Успение на Пресвета Богородица“.[12]

Експонати во Етнографскиот музеј во Ослово

Во 1928 г. селото било чисто доселеничко, со 180 семејства со вкупно 761 членови.[13][14] Во 1926 г. селото е преименувано во Панагица. Во Ослово има етнографски музеј.

Население[уреди | уреди извор]

Намалувањето на населението низ децениите се должи на економската пасивност на селото, поради што дел од жителите се иселиле во поголемите градски центри во земјата и странство.[3]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 912 965 743 644 727 702 730 682
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ослово, во кое спаѓа и селото Жерви.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Ова е релативно сиромашно село. Главен производ е житото. Во последно време се развива и овоштарството, а делумно е развиено и сточарството.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όσλοβο -- Παναγίτσα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 54.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/58164/3457/18-12-1997 - ΦΕΚ 1223/Β/31-12-1997“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-09-23. Посетено на 5 мај 2018.
  5. наречено „бугарско“ под влијание на бугарската политика
  6. Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. всушност, веројатно се работи за Турци.
  9. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
  10. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 149.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 190-191.
  12. Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία[мртва врска]
  13. Симовски наведува 682 жители.
  14. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.