Оса-копач

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Оси копачи)
Оси-копачи
Син штуроловец, Sphex pensylvanicus
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Ципокрилци
Подред: Тенкостомачни
Натсемејство: Пчеловидни
Семејство: Тенкостомачни оси
Потсемејство: Тенкостомачни оси
Племе: Тенкостомачни оси
Род: Оси-копачи
Линеј, 1758
Видови

Над 130; погледајте во текстот

Осите-копачи (лат. Sphex) е космополитски род на грабливци од семејството Тенкостомачни оси кои својот плен го убодуваат и парализираат. Постојат над 130 познати видови на вакви оси. Пред да положи јајца, осата спрема „гнездо“ (некои видови гнездото го копаат во земја, а пак други се гнездат во постоечки дупки) и ставаат залихи од фатени инсекти. Пленот го оставаат жив, но парализиран од токсичните материи. Потоа осите ги поставуваат јајцата во вака приготвеното гнездо. Кога осините ларви ќе излезат, тие е хранат со парализираните инсекти.

Добро познат вид на вакви оси е големата златна оса-копач (Sphex ichneumoneus) која живее во Северна Америка. Нејзините млади презимуваат во гнездото. Кога ќе достигнат возраст, осите во себе веќе имаат генетски програмирано поведение и постапки кои се потребни за уште една сезона на изградба на гнездо и нов пород. Во текот на летото една женка гради и до шест гнезда, секое со џебови за јајца. Изградбата и снабдувањето со залихи на гнездото се врши на мошне стереотипен начин, при што секој чекор е строго предодреден.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]