Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2002

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2002 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Норвешка, која освои 13 златни од вкупно 25 медали, додека најмногу медали освои репрезентацјата на Германија, 36. Веднаш, по завршувањето на игрите, германија беше најуспешна нација, но две години подоцна, на норвешката репрезентација ѝ беа доделени уште 2 златни медали, со кои ја престуигна Германија и со 13 златни медали стана најуспешна земја ан игрите.[1]

Хрватска и Естонија ги освоија првите медали и тоа златни на Зимските олимписки игри,[2][3] медали на Зимските олимписки игри.[4] додека Австралија и Кина ги освоија своите први златни медали на Зимските олимписки игри.[5][6]

Најуспешен натпреварувач на игрите беше норвешкиот биатлонец Оле Ејнар Бјорндален, кој освои 4 златни медали.[7]

Список по земји[уреди]

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Ранг Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Flag of Norway.svg Норвешка 13 5 7 25
2 Flag of Germany.svg Германија 12 16 8 36
3 Flag of the United States.svg САД 10 13 11 34
4 Flag of Canada.svg Канада 7 3 7 17
5 Flag of Russia.svg Русија 5 4 4 13
6 Flag of France.svg Франција 4 5 2 11
7 Flag of Italy.svg Италија 4 4 5 13
8 Flag of Finland.svg Финска 4 2 1 7
9 Flag of the Netherlands.svg Холандија 3 5 0 8
10 Flag of Austria.svg Австрија 3 4 10 17
11 Flag of Switzerland.svg Швајцарија 3 2 6 11
12 Flag of Croatia.svg Хрватска 3 1 0 4
13 Flag of the People's Republic of China.svg Кина 2 2 4 8
14 Flag of South Korea.svg Јужна Кореја 2 2 0 4
15 Flag of Australia.svg Австралија 2 0 0 2
16 Flag of the Czech Republic.svg Чешка 1 2 0 3
17 Flag of Estonia.svg Естонија 1 1 1 3
18 Flag of the United Kingdom.svg Велика Британија 1 0 1 2
19 Flag of Sweden.svg Шведска 0 2 5 7
20 Flag of Bulgaria.svg Бугарија 0 1 2 3
21 Flag of Japan.svg Јапонија 0 1 1 2
21 Flag of Poland.svg Полска 0 1 1 2
23 Flag of Belarus.svg Белорусија 0 0 1 1
23 Flag of Slovenia.svg Словенија 0 0 1 1
Вкупно 80 76 78 234

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Drugs pair lose medals“. BBC Sport. 28 февруари 2004. http://news.bbc.co.uk/sport2/low/other_sports/skiing/3495716.stm. конс. 6 мај 2008. 
  2. Caple, Jim (20 февруари 2002). „Terrible conditions but a great day for Kostelic“. ESPN. http://sports.espn.go.com/oly/winter02/alpine/story?id=1337667. конс. 6 мај 2008. 
  3. Associated Press (12 февруари 2002). „Day 5 Recap“. Washington Post. http://www.washingtonpost.com/wp-srv/sports/olympics/longterm/2002/numbers/day5recap.htm. конс. 6 мај 2008. 
  4. Associated Press. „Germany, U.S. finish 1-2, many nations share wealth in Turin medals race“, ESPN, 26 февруари 2006 (конс. 6 мај 2008).
  5. Keown, Tim (17 февруари 2002). „Bradbury's strategy of being last had golden payoff“. ESPN. http://sports.espn.go.com/oly/winter02/speed/story?id=1335251. конс. 6 мај 2008. 
  6. „Ohno crashes yards from finish line“. ESPN. 16 февруари 2002. http://sports.espn.go.com/oly/winter02/speed/news?id=1335049. конс. 6 мај 2008. 
  7. Clarey, Christopher. „Despite disputes, Games still glow as the flame dies out“, 27 февруари 2002 (конс. 30 мај 2008).

Надворешни врски[уреди]