Орландо ди Ласо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орландо ди Ласо

Орландо ди Ласо бил холандски композитор чија музика допира до најгорното место на француско-холандскиот стил, кој доминирал во европската музика за време на ренесансата.

Како дете, Орландо бил хорист во црквата „Св. Никола“ во Монс, југозападна Белгија. Поради инзворедниот глас тој бил киднапиран трипати за да пее во други хорови. Бил земен во служба на Фердинанд, генерал на Чарлс V, крал на Шпанија и патувал со империјалистичката војска за време на нападот врз Франција во 1544 година.

Го придружувал Фердинанд до Италија, каде што останал десет години. Од 1553 до 1554 година, бил главен во папската црква „Св. Џон Латеран“, во Рим. Следејќи го иселеничкиот бран од Антверпен (1555-1556) тој се придружил кон дворската црква на војводата Алберт V од Баварија во Минхен каде што со исклучок на неколку патувања останал до крајот на својот живот. Во 1570 година, императорот Максимилијан го направил благородник, а кога Ласо посветил своја колекција на папата Григур XIII (1574), ја добил титулата витез.

Од неговите повеќе од 2000 композиции, повеќето се појавиле во јавноста помеѓу 1555 година (кога неговата прва книга со мадригали - италјански хорски делови е издадена во Венеција) и 1604 година, кога посмртната колекција од 516 латински религиозни хорски песни (мотети) „Magnum Opus Musicum“, била објавена од неговите синови.

Некои дела стојат како белези на неговата кариера:

  • Неговата прва колекција од мотети (1556) го претставува неговото мајсторство на ова поле, во кое тој работел до крајот на својот живот.
  • Целосната антологија од неговите шансони (француски љубовни песни) во 1570 година, му помогнале да ја консолидира својата позиција како водечки композитор во тој жанр.
  • Како додаток на неговите мотети и шансони тој објавил 7 колекции на лид (германски љубовни поеми).
  • Најпознати творби во творештвото на Ласо се наговите мадригали и виланели (Madonna mia cara).

Извор[уреди]

  • Учебник по музичка уметност за I година гимназиско образование, стр 36, 2009 година.[[ru:Лассо, Орландо ди]