Ориночки крокодил

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ориноко крокодил)
Скокни на: содржини, барај
Ориночки крокодил
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Тип: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Фамилија: Crocodylidae
Род: Crocodylus
Биномен назив
Crocodylus intermedius
Graves, 1819


Ориночкиот крокодилот (Crocodylus intermedius) е критично загрозен вид на крокодил кој живее во северниот дел на Јужна Америка, односно реката Ориноко. Просечната големина на ворасна единска изнесува 3 до 4 метри. Најголемиот крокодил од овој вид кој бил уловен во 1800 година наводно бил долг 6,6 метри, меѓутоа оваа информација е непотврдена. Денешните ориночки крокодили се смета дека не надминуваат должина од 4,8 метри[1]. Овој вид на крокодил се препознава по релативно долгата муцка и жолтеникавата кожа со темно кафени пруги.

Содржина

[уреди] Карактеристики

Овој вид на крокодил живее во басените на реките Ориноко и Мета во Колумбија и Венецуела. Ориночкиот крокодилот се пари за време на сувиот период од годината, и најчесто 14 недели по парењето женката го гради гнездото. Гнездото е од песочен насип. Периодот на инкубација на јајцата трае околу 3 месеци. Кога излегуваат од јајцата, малите крокодили ја викаат мајката, која доаѓа, ги откопува од гнездото и ги префрла до водата. Мајката се грижи за малите околу една година. Младите крокодили лесно можат да бидат плен на Американскиот црн мршојадец, гуштерите Тегу, анакондата, кајманите и други месојадци.

[уреди] Заштитен статус

Ориночкиот крокодил е критично загрозен како резултат на прекумерниот лов поради неговата кожа. За време од 1940тите до 1960тите, илјадници индивидуи биле убиени во мочуриштата Ориноко и Ланос, така што видот бил доведен на работ од изумирање. Заштитен статус за овие крокодили е воведен во 1970тите. Денес е заштитен вид и во Венецуела и во Колумбија. Освен ловот поради кожата, како други опасности за овие крокодили се и ловот на малечки крокодили кои потоа се продаваат, загадувањето и предлогот за подигање брана во горниот дел на реката Ориноко.

Не се знае точко колку индивидуи има во дивината, но се проценува дека има помеѓу 250 и 1500 индивидуи. Популацијата во Колумбија е доста мала, со најголемата под-популација која брои 50тина индивидуи. Најголемата под-популација во Венецуела содржи помалку од 500 возрасни единки. Постојат и голем број на помали под-популации.

Во ноември 2007 година, 50 индивидуи од ориночките крокодили биле чувани во зоолошки градини, од кои најголема популација од 35 индивидуи во аквариумот во Даглас. Во Венецуела, голем број крокодили се чуваат и во установи за размножување. Од 1990тите, голем број на млади крокодили се пуштени во приватните фарми и во националните паркови во Венецуела. Бидејќи поголемиот број на млади крокодили во дивината умираат пред да станат возрасни индивидуи, 360 крокодили од фармите за размножување се пуштени во дивината откако ке достигнат големина од 2 метра.

[уреди] Наводи

  1. Wood, The Guinness Book of Animal Facts and Feats. Sterling Pub Co Inc (1983), ISBN 978-0-85112-235-9

[уреди] Надворешни врски


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици