Оризари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Оризари е село во Општина Кочани.

Мотив од Оризари
Оризари
Оризари во рамките на Македонија
Оризари
Оризари (Македонија)
Координати41°55′21″N 22°26′46″E / 41.9225°N 22.44611°E / 41.9225; 22.44611Координати: 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.9225°N 22.44611°E / 41.9225; 22.44611
Општина Кочани
Географски регион  
Население  3776 жители
Поштенски број 2300
Повикувачки број 033
Надморска височина 361 m
Селска слава  
Грб на поранешната Општина Оризари.

Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Оризари е ридско-рамничарска населба што се наоѓа на источната страна од Кочани, сместена на двете страни од Оризарска Река, или како што мештаните ја нарекуваат - Масалница. Должината на населбата изнесува 2,6 км во правецот север-југ, под текот на реката. Просечната надморска височина на која се наоѓа населбата изнесува 361 метар.

Со оглед на интензивната изградба на станбени и други објекти, Оризари веќе е приградска населба на Кочани.

[уреди] Историja

Во четириесеттите години од XX век Оризари го сочинувале три посебни населби со две одделени маала, и тоа: селото Оризари со Коларско (Лештанско) маало, од левата страна на реката, потоа селото Устран Дол со маалото Дулевци, од десната страна на реката, и селото Витоша од левата страна на реката, над селото Оризари, а спротивно од Устран Дол.

Во секое од селата имало посебни гробишта, кои се уште се во функција. Постоеле и турски гробишта, на локација што се наоѓала на јужната страна на Витоша. Имено, до 1912 година Витоша било населено исклучиво со Турци, кои по Првата балканска војна целосно се иселиле.

Училиштето, во тоа време четиригодишно, било заедничко за сите три села, а објектот се наоѓал во Оризари, јужно од црквата, на местото на постојниот ваковски дом (куќа). Бидејќи тоа не ги задоволувало нараснатите потреби од зголемениот број ученици, во учебната 1939/40 во употреба било предадена нова училишна зграда.

[уреди] Легенда за името

Многу одамна, високо над селото, во реонот на Добра вода, во месностите Бела и Црна Црква, постоело населено место. Од него, во тогашното село се доселила една жена по име Јордана со своите два сина Вито и Тошо, според чиј акроним (Вито+Тошо=Витошо, Витоша) се смета дека селото подоцна и го добило името.[1]

[уреди] Демографија

Според пописот од 2002 година,[2] во селото Оризари живеат 3.776 жители, од кои:

[уреди] Општествени институции

  • Амбуланта
  • Библиотека „Искра“
  • Основно училиште „Крсте П. Мисирков“

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Култура и спорт

Во селото постои Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“.

Активен е и ФК Младост (Оризари) кој една сезона има играно во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).

[уреди] Извори

  1. Оризари во четвртата деценија на XX век, Љупчо Тодоров Симеонов, монографија, 1999 год.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - книга XIII, Државен завод за статистика на Република Македонија
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици