Ориентализам (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ориентализам (анг. Orientalism) е книга на Едвард Саид од 1978 г. која имала големо влијание на постколонијалните студии. Во книгата, Саид пишува дека „ориентализмот“ е констелација на погрешни претпоставки врз кои се темелат западните ставови кон Блискиот Исток. Ваквите дури и научни дела се оптеретени со „суптилни и сеопфатни евроцентрични предрасуди кон арабо-исламските народи и нивните култури“[1]. Тој сметал дека долгата традиција на романтизирани слики на Азија и Блискиот Исток во Западната култура служела како имплицитно оправдание за европските и американските колонијални и империјални амбиции. Саид со иста жестина се спротивставувал на практиката на арапските елити кои ги интернализирале (прифатиле и применувале) идеите на американските и британските колонијалисти за арапската култура.

Досега, што се однесува на САД, би било само благо претерување да се изјави дека муслиманите и Арапите се гледаат или како добавувачи на нафта или како потенцијални терористи. Многу малку од деталите, човечката густина, страста на арапско-муслиманскиот живот се навлезени во свеста дури и на оние чија професија е да известуваат за Арапскиот свет. Наместо тоа имаме серија на груби, есенцијализирани карикатури на исламскиот свет претставени на начин што го прават тој свет ранлив за воена агресија[2].

Напомена: до почетокот на XIX век, односно до распадот на Отоманската империја, под Блиски Исток се сметал и голем дел од Балканот, кој ја вклучувал и Македонија.


Референци[уреди]

  1. Keith Windschuttle, "Edward Said's "Orientalism revisited," The New Criterion January 17, 1999, accessed January 19, 1999.
  2. Edward W. Said, "Islam Through Western Eyes," The Nation April 26, 1980, first posted online January 1, 1998, accessed December 5, 2005.