Ориентализам (книга)
Ориентализам (анг. Orientalism) е книга на Едвард Саид од 1978 г. која имала големо влијание на постколонијалните студии. Во книгата, Саид пишува дека „ориентализмот“ е констелација на погрешни претпоставки врз кои се темелат западните ставови кон Блискиот Исток. Ваквите дури и научни дела се оптеретени со „суптилни и сеопфатни евроцентрични предрасуди кон арабо-исламските народи и нивните култури“[1]. Тој сметал дека долгата традиција на романтизирани слики на Азија и Блискиот Исток во Западната култура служела како имплицитно оправдание за европските и американските колонијални и империјални амбиции. Саид со иста жестина се спротивставувал на практиката на арапските елити кои ги интернализирале (прифатиле и применувале) идеите на американските и британските колонијалисти за арапската култура.
- Досега, што се однесува на САД, би било само благо претерување да се изјави дека муслиманите и Арапите се гледаат или како добавувачи на нафта или како потенцијални терористи. Многу малку од деталите, човечката густина, страста на арапско-муслиманскиот живот се навлезени во свеста дури и на оние чија професија е да известуваат за Арапскиот свет. Наместо тоа имаме серија на груби, есенцијализирани карикатури на исламскиот свет претставени на начин што го прават тој свет ранлив за воена агресија[2].
Напомена: до почетокот на XIX век, односно до распадот на Отоманската империја, под Блиски Исток се сметал и голем дел од Балканот, кој ја вклучувал и Македонија.
[уреди] Референци
- ↑ Keith Windschuttle, "Edward Said's "Orientalism revisited," The New Criterion January 17, 1999, accessed January 19, 1999.
- ↑ Edward W. Said, "Islam Through Western Eyes," The Nation April 26, 1980, first posted online January 1, 1998, accessed December 5, 2005.