Орекрајс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Орекрајс
—  Округ  —
Земја Знаме на Германија Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Укинат 2007-07-01
Гл. град Халденслебен
Површина
 - Вкупна 1.494 km2 (576,8 sq mi)
Население (2002)
 - Вкупно 117,136
 - Густина 78,4/km2 (203,1/sq mi)
Часовен појас CET (UTC+1)
 - Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. OK
Мреж. место ohrekreis.de

Орекрајс бил округ (Kreis) на североисток на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од север во правец на насока на часовникот) Алтмаркрајс Залцведел, Штендал, Јериховер Ланд, слободниот округ Магдебург, Бердекрајс и окрузите Хелмштет и Гифхорн во Долна Саксонија. Неговата територија сега е додадена кон Берде.

Содржина

[уреди] Историја

Во 1680, површината на округот станала дел од Бранденбург и Holzkreis приближно ја покривал површината на Орекрајс, кој бил создаден.

Во 1816, окрузите биле променети, така двата нови окрузи Нојхалденслебен (подоцна преименуван во Халденслебен) и Волмирштет биле создадени. Освен двете промени во 1908, кога општината Ротензе станала дел од Магдебург и во 1944, кога Калферде станал дел од Халденслебен окрузите не се менувале до поголемата промена во 1952. Округот Халденслебен го изгубил неговиот јужен дел и наместо тоа дел на округот Гарделеген бил додаден; и Волмирштет изгубил 21 општина во окрузите Тангерхите, Халденслебен и Ванцлебен. Во 1994, двата окрузи биле споени во новиот округ Орекрајс, вклучувајќи неколку општини од окрузите Штендал и Клеце. Во 2007, следната реформа започнала во Саксонија-Анхалт. Двата окрузи Орекрајс и Бердекрајс се обединиле во новиот округ Берде.

[уреди] Географија

Округот се наоѓа во низината наречена Магдебург Берде (на југ), Дремлинг (на северозапад) и Колбиц-Лецлинген (на североисток) и именуван по реката Оре, која тече паралелно со каналот Средногермански Канал. На запад тече реката Алер низ округот.

[уреди] Грб

Грб

Горниот лев дел на грбот покажува гранка на бука, симболизирајќи ги шумите на буки во округот. Кривата линија во долниот десен агол ја симболизира реката Оре, по која округот е именуван.

[уреди] Градови и општини

Градови Заедници на општини Слободни општини
  1. Халденслебен
  1. Елба-Хајде
  2. Флехтинген
  3. Хое Берде
  4. Ебисфелде-Калферде (вкл. го градот Ебисфелде)
  5. Волмирштет (вкл. го градот Волмирштет)
  1. Барлебен
  2. Нидере Берде

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици