Оре
Од Википедија, слободната енциклопедија
За реката во Баварија и Чешка, видете Охрже.
| Оре | |
Оре близу Калферде |
|
| Извор | Долна Саксонија |
|---|---|
| Устие | Елба |
| Земји во сливот | Германија |
| Должина | 103 км |
Оре е река во северна Германија, лева притока на Елба. Нејзина вкупна должина е 103 километри. Нејзиниот извор е северно од Волфсбург, во Долна Саксонија. Таа општо тече кон југоисток, најпрвин следејќи ја границата на Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт. По поминувањето на Бухорст целосно тече низ Саксонија-Анхалт, долж Средногерманскиот Канал. Се влева во Елба кај Рогец, северно од Магдебург. Градовите Броме, Калферде, Халденслебен и Волмирштет се наоѓаат долж реката. Горниот тек на Оре е во природниот резерват Дремлинг.
| Оваа локација во Долна Саксонија статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Оваа локација во Саксонија-Анхалт статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |