Нестрам (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Општина Нестрам)
Општина Нестрам
Δήμος Νεστορίου

Општина Нестрам
на картата на Западна Македонија.

Нестрам од планината Горуша.
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Костур
Гео. област: Нестрамкол
Население: 3.899 (2021)
Седиште: Нестрам
Нас. места: 24
Пошт. бр.: 520 51
Пов. бр.: 24670-31
Портал: nestorio.gr

Нестрам (грчки: Δήμος Νεστορίου, Димос Несториу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Општината ги опфаќа селата во областа Нестрамкол, а нејзин административен центар е истоименото село Нестрам.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општина Нестрам е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на четири стари административни единици — општините Нестрам и Акритес, како и општинските целини Аренес и Грамошта.

Напомена: Називот „Акритес“ е произволно даден грчки назив што не се однесуваат на ниедно постоечко место. „Аренес“ е според два планински врва.

Општинска единица Нестрам[уреди | уреди извор]

Општинската единица Нестрам ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Поранешната општина Нестрам на картата на некогашниот округ Костур.
  • Општински оддел Нестрам
  • Општински оддел Грче
  • село Дреничево (Κρανοχώρι, Кранохори)
  • село Граче (или Гратче; Πτελέα, Птелеја)
  • село Долно Граче (или Долно Гратче; Κάτω Πτελέα, Като Птелеја)
  • Општински оддел Котелци
  • Општински оддел Селско
Напомена: Јановени и Пилкати немаат постојани жители (2011).

Во општинската единица има неколку напуштени места за време на Граѓанската војна кои денес се отпишани:

  • Дреново (Γλυκονέρι, Гликонери);
  • Загар (Άγιος Ζαχαρίας, Агиос Захаријас);
  • Котелци (Κοτύλη, Котили), кое географски припаѓа на Епир;
  • Мирославци (Μυροβλήτης, Мировлитис), кое географски припаѓа на Епир;
  • Личотер (или Лисотер; Περιστερά, Перистера);
  • Чука (Τσούκα или Αρχάγγελος, Цука или Архангелос).

На територијата на општинската единица се наоѓале и атарите на старите и одамна отселени влашки грамоштенски села Линотопи (Λινοτόπι), Ветерник (Βετέρνικ, Βετέρνικο) и Фуша (Φούσια).

Општинска единица Акритес[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Акритес на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Акритес со седиште во Ревани ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на источното подножје на планината Грамошта (Грамос):

  • Општински оддел Ревани (733)
  • Општински оддел Грлени
  • Општински оддел Крчишта
  • село Крчишта (или Крчишча; Πολυάνεμο, Полианемо)
  • Општински оддел Шак
  • село Шак (Κομνηνάδες, Комнинадес)

На територијата на општинската единица е и денес напуштеното Ново Село (Κορφούλα, Корфула).

Општинска единица Аренес[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Аренес на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Аренес опфаќа четири села:

  • Општински оддел Борботско
  • Општински оддел Жужел
  • село Жужел (Ζούζουλη, Зузули)
  • Општински оддел Слатина

Општинска единица Грамошта[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Грамошта на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Грамошта или Грамошта се состои од само едно населено место — селото Грамошта (или Грамушта).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]