Општа кралска тајландска транскрипција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија содржи фонетски симболи по МФА. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо уникодни знаци.


Thai Alphabet Sample.svg
Оваа статија содржи тајландски текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо букви од тајландското писмо.

Општата кралска тајландска транскрипција (скрат. RTGS, од англ. Royal Thai General System of Transcription) е официјален систем за предавање на тајландските зборови со латиница во авторство на Кралскиот институт на Тајланд. Наоѓа употреба на патни знаци и во разни изданија на владата.

Овој систем е основа за македонската транскрипција на тајланскиот јазик, со извезни прилагодувања во склад со македонскиот гласови.

Особености[уреди]

Еве некои позначајни особености на системот:

  • користи исклучиво неизменети букви од латиницата; нема дијакритички знаци
  • ги пишува сите самогласки и дифтонзи само со самогласни букви: ⟨a⟩, ⟨e⟩, ⟨i⟩, ⟨o⟩, ⟨u⟩
    • поединечните букви ⟨a⟩, ⟨e⟩, ⟨i⟩, ⟨o⟩, ⟨u⟩ се прости самогласки со иста звучна вредност како оние на меѓународната фонетска азбука (МФА)
    • диграмите со завршно ⟨e⟩ се прости самогласки, ⟨ae⟩, ⟨oe⟩, ⟨ue⟩ звучат како /ɛ, ɤ, ɯ/ (можеби се избрани поради сличноста со лигатурите на МФА: /æ, œ, ɯ/)
    • диграмитесо завршно ⟨a⟩, ⟨i⟩, ⟨o⟩ се дифтонзи, во МФА претставени со /a, j, w/
  • согласките се исти како оние на МФА, освен:
    • диграмите со ⟨h⟩ (⟨ph⟩, ⟨th⟩, ⟨kh⟩) се согласки со приздив (аспирација) /pʰ, tʰ, kʰ/, така претставени за да се разликуваат од посебните неприздивни согласки ⟨p⟩, ⟨t⟩, ⟨k⟩
    • користи ⟨ng⟩ за /ŋ/ како англискиот
    • користи ⟨ch⟩ за /tɕʰ/ и /tɕ/ како во шпанскиот
    • користи ⟨y⟩ за /j/, како англискиот.

Транскрипцијата на согласките во завршна положба (рими) го следи изговорот, не тајландскиот правопис. Самогласките се транскрибираат во редоследот на нивиот изговор, а не како во тајландскиот правопис.

Табела[уреди]

Транскрипцијата на согласките се разликува, зависно од нивната положба во слогот. Тирето („–“) во делот за самогласки ја означува релативната положба почетната согласка што ѝ принадлежи на самогласката.

Согласки   Самогласки
Буква Почеток[1] Рима[2]
k k
kh k
kh k
kh k
kh k
kh k
ng ng
ch t
ch -
ch t
s t
ch -
y n
d t
t t
th t
th t
th t
n n
d t
t t
th t
th t
th t
n n
b p
p p
ph -
f -
ph p
f p
ph p
m m
y -
r n
rue, ri, roe -
ฤๅ rue -
l n
lue -
ฦๅ lue -
w -
s t
s t
s t
h -
l n
h -
    
Буква Романизација
–ะ, –ั, รร (со рима), –า a
รร (без рима) an
–ำ am
–ิ, –ี i
–ึ, –ื ue
–ุ, –ู u
เ–ะ, เ–็, เ– e
แ–ะ, แ– ae
โ–ะ, –, โ–, เ–าะ, –อ o
เ–อะ, เ–ิ, เ–อ oe
เ–ียะ, เ–ีย ia
เ–ือะ, เ–ือ uea
–ัวะ, –ัว, –ว– ua
ใ–, ไ–, –ัย, ไ–ย, –าย ai
เ–า, –าว ao
–ุย ui
โ–ย, –อย oi
เ–ย oei
เ–ือย ueai
–วย uai
–ิว io
เ–็ว, เ–ว eo
แ–็ว, แ–ว aeo
เ–ียว iao

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. кога стои на почетокот од слогот
  2. кога стои на крајот од слогот

Надворешни врски[уреди]