Општа болница - Кочани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

ЈЗУ Општа болница - Кочани е здравствена институција лоцирана во централното подрачје на градот Кочани. Своите континуирани здравствени услуги на таа му го нуди на населението кое живее во општините: Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, како и за населението од општините кои гравитираат кон општина Кочани, како: Виница, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и Делчево, регион во кој живеат околу 115,000-120,000 луѓе.

Општа болница - Кочани

Историјат[уреди]

Болницата е основана во 1924 година како Антималарична станица [1]. Во 1949 година биле изградени општата и стоматолошката амбуланта, а во 1952 година е регистрирана под името Здравствен дом Кочани. Во текот на 50-тите години на минатиот век отворени се уште неколку амбуланти и одделенија.

Денес болницата има на располагање 7,796 м² во делот за хоспитализација, односно соби за преглед и сместување на пациентите, како и 524 м² за специјалистичко-консултативни услуги.

Персонал[уреди]

Вкупниот број на вработени во болницата е 226 од кои 43 лекари (4 примариуси, 29 лекари специјалисти, 5 доктори на специјализација и 5 лекари од општа пракса). Меѓу другите вработени има 5 луѓе високообразовна квалификација (економист, електроинженер и биохемичар).

Во болницата е ангажиран и друг медицински и технички персонал, неопходен за реализирање на континуираните здравствени услуги и активности. ЈЗУ Општа болница Кочани нуди хоспитализација и специјалистичко-консултативни услуги.

Одделенија[уреди]

Во рамките на делот за хоспитализација болницата располага со 160 легла за пациенти, распоредени на следните одделенија:

  • интерно одделение;
  • КАРИЛ, Гинекологија и акушерство со оддел за новородени деца;
  • детско одделение;
  • хируршко одделение;
  • невро-психијатриско одделение;
  • хемодијализа

Во болницата се нудат и специјалистичко-консултативната услуги во:

  • очна амбуланта;
  • амбуланта за кожни болести;
  • стоматолошка амбуланта;
  • амбуланта за инфективни болести;
  • одделението за трансфузиологија и обезбедување на крв и крвни деривати;
  • биохемиска лабораторија;
  • одделот за радиолошка дијагностика;
  • одделот за физикална терапија и рехабилитација.

Наводи[уреди]

  1. Кочани и Кочанско од праисторијата до денес, монографија за Кочани, издавач: Општина Кочани, декември 2003, стр. 246, ISBN 9989-57-220-8