Оптички читач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оптички читач, отсликувач или скенер (од англ. scanner) претставува влезен периферен уред за обработка на слики и текст од веќе отпечатени форми во дигитални бинарни податоци, кој ги праќа на обработка на централната единица, која пак овие бинарни податоци ни ги прикажува во графичка околина. Според начинот на поврзување можеме да ги поделиме во три групи:

Постар тип на оптички читач
  • Паралелен приклучок (приклучок на паралелна порта) преку приклучок од типот DIN-25-PIN. Ваков приклучок имаат постарите модели и истиот има недостаток на брзината на преносот на податоци.
  • SCSI-Приклучок (скази). Овој тип ретко се сретнува во пракса, непрактичен е за инсталација бидејќи мора да се вгради посебен модул (скази картица на основната плоча на персоналниот сметач). Меѓутоа овој тип се користи кај професионалните графички станици и има најдобри перформанси.
  • USB-приклучок. Овој тип на скенер е најчесто сретнуван и користи пренос на податоци преку универзалниот сериски приклучок, и има голема брзина на пренос на податоци.

Според квалитетот на обработка и дигитализација на податоците скенерите можеме да ги поделиме во 3 групи:

  • Евтини - Webscaner, Lowresolution - Во буквален превод овие оптички читачи се наменети за нискиот сегмент од пазарот, најчесто се користат за обработка на слики и податоци за објавување на интернет. Овој тип на оптички читач располага со оптички делови од послаб квалитет со максимални резолуции до 300 точки на инч.
  • Полупрофесионални - Вo оваа група спаѓаат оптичките читачи кои можат да се употребуваат како аматерски, така и во полупрофесионални цели. Овој тип располага со подобрени оптички елементи со резолуции до 600dpi.
  • Професионални - Во оваа група спаѓаат професионалните оптички читачи претежно наменети за професионални графички станици, овој тип има вгра-дено оптички компоненти со можност на обработка на високи резо-луции до 2400dpi.

Вообичаено е со овој тип на хардвер да биде испорачан и придружна програмска опрема за контрола на графички посредник. Преку овој софтвер имаме можност да ги менуваме стандардно поставените параметри за бои, резолуција, контраст, осветлување, гама-исправка и др. Овој тип на хардвер се сретнува во две изведби и тоа:

  • Столен оптички читач - најчесто користен
  • Рачен оптички читач

Со развојот на софтвери за препознавање на текст, таканаречените ОCR програми (optical character recognition), во можност сме веќе скениран текст да обработуваме со текст процесор. Во последно време појавени се и тридимензионални оптички читачи, кои служат за обработка на тродимензионални форми.