Оптимизација на пребарувачи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оптимизација на алатките за пребарување е процес на подобрување, односно зголемување на волуменот и квалитетот на сообраќајот кон една Web страна. Притоа, овој процес се остварува преку природни, бесплатни органски или алгоритмички трикови, за разлика од други форми, како што е маркетингот на алатки за пребарување за кој треба да се плати определена цена. Теоријата вели дека колку една страна побрзо или повисоко се пласира во листата на резултати, толку повеќе ке добие посетители, односно сообраќај.[1] SEO може да таргетира различни типови на пребарувања како што се пребарување на слики, локално пребарување, видео пребарување и индустриски специфични вертикални пребарувања. Како семрежната маркетиншка стратегија, SEO зема впредвид како алатките за пребарување функционираат и што всушност луѓето пребаруваат. Оптимизирање на една Web страна бара средување на нејзината содржина, HTML-то и поврзаното кодирање за да се зголеми и важноста на определени клучни зборови а и за да се тргнат бариерите што ги носат индексираните активности на алатките за пребарување. Акронимот SEO стои за search engine optimization односно оптимизација на алатките за пребарување, термин усвоен од индустријата на консултанти, кои ја извршуваат оптимизацијата во корист на клиентите, и од страна на вработените кои извршуваат SEO услуги.[2] Овие лица можат да ја понудат услугата на оптимизација сама или во склоп на поширока маркетинг кампања. Бидејќи најчесто оптимизацијата бара промена на HTML јазикот, многу е покорисно и поефективно SEO тактиките да бидат вклучени уште во изработката и дизајнот на Web страната. Терминот „search engine friendly” односно,пријателски настроена алатка за пребарување значи дека мениата, сликите, видеата, картичките за купување и други елементи се оптимизирале за целта на алатките за пребарување.

Развој[уреди]

Web-мастерите и обезбедувачите на содржина почнале да ги оптимизираат страните за алатките за пребарување во средината на 90'тите години со појавата на првите алатки за пребарување. Првенствено, се што Web професионалците требaше да направат беше да ја впишат Web страната или URL-то на алатките за пребарување кои потоа праќаа „пајак„ да „лази„ по таа страна, да извлече врски кон други страни од неа и да ја врати добиената информација на страната која требаше да биде индексирана.[3] Процесот вклучува „пајак„ на алатките за пребарување, којшто ја симнува и зачувува страната на опслужувачот за алатката за пребарување, кадешто втора програма, позната како indexer извлекува различни информации за страната, како што се зборовите кои таа ги содржи и каде се лоцирани, како и тежина за определени зборови, и сите врски што ги содржи страната, коишто потоа се сместени во распоред за ползење односно пребарување.

Раните верзии на алгоритмите за пребарување се потпираа на обезбедената информација од Web–мастерите како што се keyword meta tag или index files. Мета ознаките обезбедуваат водич низ содржината на секоја Web страна. Користењено на „мета дата„ за индексирање на страниците подоцна излезе малце корисно, бидејќи изборот на “keyword meta tag” неточно ја претставуваше вистинската содржина на страната.Неточната, некомплетната и неконзистентната дата во „мета таговите” ги рангираше страните за ирелевантни пребарувања. Обезбедувачите на содржина исто така се обидеа да манипулираат со атрибути во HTML изворот за да постигнат подобро рангирање. Со концентрацијата на „клучните зборови„ кои што беа во целосна надлежност на Web–мастерите раните алатки за пребарување страдаа од злоупотреба и манипулација во ранкирањето. За да се обезбедат подобри резултати за корисниците, алаткиоте за пребарување мораа да се осигураат дека страните што резултираат ги покажуваат релевантните информации наместо неповрзани страни кои што беа преполнети со „клучни зборови„ од страна на безкрупулозните Web–мастери.

Студентите на Стенфорд, Larry Page i Sergey Brin, го развија „buckrub”,алатка за пребарување која што се потпираше на математички алгоритам за рангирање на важноста на страните.[4] Бројот пресметан преку алгоритамот е функција на квантитетоти јачината на внатрешните линкови.

Page и Brin го основаа Google во 1998. Тие се погрижија при рангирањето на страните да ги вклучат и „off-site факторите” (како што се PageRank и hyperlink анализа) и „on-site факторите” (како што се keyword frequency, meta tags, headings, links and site structure). Google тврди дека користи голем број на фактори во алгоритмите за рангирање за да се намали манипулацијата во линковите;користат преку 200 сигнали но тие не ги откриваат на јавноста.

Методи[уреди]

Индексирање[уреди]

Водечките алатки за пребарување, како што се Googlе и Yahoo, користат т.н.crawlers за пронаоѓање на страни во нивните алгоритамски резултати од пребарувањата.[5] Страните кои што се поврзани со други индексирани страни не мора да се впишат бидејќи тие автоматски се пронаоѓаат. Некои алатки за пребарување, како што е Yahoo, оперираат со тоа што треба да се плати определена цена, или како пакет цена или цена по еден клик. Со ова тие гарантираат вклучување во датабазата, но не и специфично рангирање во резултатите од пребарувањето. Google го нуди Google webmaster tools, којшто осигурува дека сите врски се пронајдени, особено страни коишто не можат автоматски да се најдат преку следење на линкови.

Во SEO се вклучени два главни процеси:

  • Off-site оптимизација
  • On-site оптимизација

Превенција при пребарување[уреди]

За да се одбегне непосакувана содржина во индексите за пребарување, webmaster-ите можат да им наложат на „пајаците” да не пребаруваат определени податотеки преку стандардните „роботи”. Дополнително, страна може да биде исклучена од базата на податоци на алатките за пребарување преку употребата на посебни мета тагови. Кога алатката за пребарување посетува страна, роботот не ги покажува тое страни коишто се исклучени. Но, бидејќи алатката за пребарување има копија од овој фајл,таа понекогаш може и да ги листа страните коишто webmaster-от не сакал да бидат прикажани. Страни чиешто пребарување е превентирано се обично страни за кои е потребно посебно логирање.

Добра наспроти лоша практика[уреди]

Техниките на SEO се класифицирани во две пошироки групи:

  • Техники кои алатките за пребарување ги препорачуваат како дел од добар дизајн
  • Техники кои алатките за пребарување не ги одобруваат

Ваквата класификација всушност претставува White hat SEO или Black hat SEO.[6] Првите резултираат со долг век на траење, додека првите се пократкотрајни, односно функционираат сè додека алатките за пребарување не ја откријат нивната вистинска намена. Една SEO тактика може да се класифицира дека припага на White hat ако е според водичот на алатките за пребарување и не вклучува измама. Бидејќи не постојат пишани правила, многу е битно содржината што е индексирана и рангирана да биде истата содржина којашто корисникот ќе ја види на екранот. Овој принцип ни вели да ја составиме содржината како за корисниците а не за алатките за пребарување и дури тогаш да ја направиме лесно достапна за „пајаците”. Техниките на Black hat се обидуваат да рангираат на начин кој не е одобрен од SEO и вклучува измама. Една ваква техника е користење на текст којшто е скриен, ова може да биде или како текст со боја слична на позадината или да е позициран надвор од екранот. Ваквите техники можат да бидат казнети, или преку намалување на нивното рангирање или преку исклучување од датабазата. Ваквите техники можат да се спроведат или автоматски преку алгоритмите на алатките за пребарување или преку рачно разгледување на страните.

Зголемување на важноста[уреди]

Со цел една страна да се пласира што е можно повисоко во резултатите треба да се следат одредени правила. Ова е многу важно бидејќи веќе претходно спомнавме дека колку една страна се пласира повисоко во резултатите на пребарувачите,толку повеќе ќе донесе семрежен сообраќај а со тоа и поголем приход. Следат правила кои е пожелно да се следат за да се постигне претходната цел.[7]

  • Обезбедување на навигациони врски на сите Web страни- со цел алатката за пребарување да ги индексира сите страници од една Web страна таа треба да биде способна да ги најде истите. Ефикасен навигационен систем е многу потребен,па треба да се избегнат врски со слики, JavaScript или flash а треба да се вклучат HTML врски за индексирање.
  • Содржината е суштествена- алатките за пребарување ја индексираат содржината на Web страната и колку повеке содржина има толку подобро.Бескорисни ке бидат било какви клучни зборови доколку содржината не е добра.
  • Обезбедување единствена,уникатна содржина.
  • Додавање на нова содржина постојано за да се одржи доверливоста и кредибилноста.
  • Употреби синоними во наслови,мета ознаки и header-и.
  • Редослед на клучните зборови во насловите и содржината.
  • Употреби дескриптивни врски користејќи клучни зборови.
  • Употреби клучни зборови за имињата на податотеките со ”_”.
  • Одбери вистинска,одлична фраза со клучните зборови.
  • Фразата со клучните зборови треба да е популарна, но не премногу.
  • Правење на страната достапна и за пребарувачите и за корисниците.
  • Добивање на domain со клучните зборови.
  • Вклучување на клучните зборови во URL-и доколку истите неможеле да бидат вклучени во domain-от.
  • Користење на клучните зборови многу, но не премногу-односот на клучните зборови со останатиот текст се нарекува густина на клучните зборови и овој однос треба да биде помеѓу 3% и 7% за примарните клучни зборови, а 1-2% за секундарните клучни зборови.
  • Впиши ја страната во алатките за пребарување и директориумите-притоа следи ги правила бидејки во спротивно страната може да биде избришена.
  • Cross-linking помеѓу страни од истата Web страна.
  • URL нормализација.

Услуги од SEO професионалци[уреди]

При ангажирање на SEO професионалци и конслутанти треба да се биде претпазлив на предностите но и на негативностите кои тие ги нудат.Прво што овие професионалци прават е преглед на содржината на страната и структурата.Откако ќе го завршат овој дел преминуваат на давање на технички совет за развојот на Web страната и давање на идеи за создавање на содржината.Иако првобитната цел за којашто овие консултанти се ангажирани е оптимизирање на една Web страна, сепак тие можат да помогнат и во управување на развојот на online бизнис кампањи.Откако содржината е создадена се оди кон барање на клучни зборови.Како дополнителни услуги кои можат да им се дадат на луѓето/компаниите кои ангажираат се SEO Тренинг и експертиза во специгични маркети и географски региони.[8]

Прашања кои би можеле да им се постават на овие професионалци пред склучување на договорот можат да бидат:

  • Примери од претходни работи и споделување на најуспешните.
  • Дали го следат водичот на Google Webmaster?
  • Дали нудат и други online маркетинг услуги или совети кои би го комплементирале проучувањето на бизнисот?
  • Кои резултати да се очекуваат и во кој временски период? Како го мерат успехот?
  • Кое им е искуството во нашата индустрија?
  • Кое им е искуството во нашиот град/држава?
  • Кое им е искуството во развивање на меѓународни страни?
  • Кои им се најбитните SEO техники?
  • Како ќе комуницираме? Дали би не известувале за секоја промена на Web страната?

Иако овие провајдерите на SEO услуги нудат голем број услуги и предности, има многу од нив кои играат неетички и коишто се обидуваат да манипулираат со резултатите на пребарувачите на не фер начин. Сето ова може да доведе до бришење на страната од базата на податоци на Google.

Водич на Google WebMaster[уреди]

Водич за дизајн и содржина[уреди]

При создавањето на една Web страна треба да се внимава таа да биде со јасна хиерархија и врски во текстот.[9] Секоја страна треба да биде достапна барем од еден статичен линк.Корисно е нудење на карта на сајтот со врски кон битните делови од страната при што доколку картата на страната е поголема од 100 врски таа треба да се подели.Круцијално е обезбедувањето на корисна, богата содржина при што страните треба да бидат напишани такашто јасно и прецизно ја опишуваат содржината.Треба да се земе впредвид кои зборови корисниците би ги користеле за наоѓање на страната и се разбира нивно вклучување во содржината.Пожелно е да се користи текст за прикажување на важни имиња, содржина и линкови. Ако веќе мора да се користи слика, тогаш треба да се вклучи „ALT” атрибутот за да се напишат неколку дескриптивни зборови.Треба да се осигураме дека елементите што спаќаат во <title> и “ALT” се дескриптивни и точни.

  • Поправање на HTML.
  • Врските на една страна треба да бидат помалку од 100.

Технички водич[уреди]

Кога станува збор за техничките спецификации треба претходно да се направи тестирање,како на пр.користење на пребарувач за текст,како што е Lynx за проверка на страната, бидејќи најчесто „пајаците” на пребарувачите ја гледаат како Lynx.Ова се прави бидејќи вклучувањето на наизглед убави карактеристики и додатоци на страна може да ги спречат пребарувачите при регистрирањето на страната, односно таа да биде невидлива за нив.Треба да се добие дозвола за преглед низ страната без „session ID’s” бидејќи во спротивно, може да дојде до нецелосно индексирање на страната. Треба да се осигураме дека web опслужувачот поддржува If-Modified-Since HTTP header. Ова му дозволува на web опслужувачот да му каже на Google дали содржината е изменета од последниот пак кога била пребарана.Некои дополнителни техички спецификации кои треба да се следат се:

  • Вклучување на “robots.txt” кои би кажале кои делови од страната можат да бидат пребарани, а кои не.
  • Ако компанијата купува CMS, тогаш таа треба да ја прави содржината и врските на начин кој може да биде пребаруван.
  • Тестирање на страната за осигуравање дека се покажува во вистинската форма на различни пребарувачи.
  • Набљудување на перформансите на страната и оптимизирање на „load” времето.[10]

Водич за квалитет[уреди]

Водич за квалитет-Основни принципи[уреди]

Една страната треба да е направена првенствено за корисниците, не за пребарувачите. Не ги лажете корисниците, или не покажувајте различна содржина на корисниците од онаа прикажана на пребарувачите.Треба да се избегнува користењето на трикови наменети за подобро рангирање. Добро прашање што може да се постави тука е дали би се чувствувале удобно да и објасните на конкуренцијата што сте направиле за да стигнете до целта.Исто така не смеат да не се користат нелегални компјутерски програми за впишување на страните, проверување на рејтинзите и сл.

Водич за квалитет-специфични принципи[уреди]

Како специфични принципи за обезбедување на квалитет на една страна треба да избегнуваме скриени текстови или врски и праќање на автоматски барања на Google.Не треба да се пренатрупува содржината со ирелевантни клучни зборови или пак да се дуплицира содржината во повеќе страни.Според начелото за лојална конкуренција не треба да се праќаат вируси, тројани и сл.Доколку страната е во соработка со други,битно е таа да носи корист. Обезбедување на уникатна и релевантна содржина која што ќе го задржи вниманието и лојалноста на корисниците.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]