Опсада на Константинопол (941)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За другите опсади на градот видете Опсада на Константинопол
Опсада на Константинопол од Киевска Русија
Дел од Руско-византиски војни
Greekfire-madridskylitzes1.jpg

Употреба на грчки огин
Датум 941
Место Константинопол
Исход Победа на Византија
Завојувани страни
Византија Киевска Русија
Команданти и водачи
Тефанис
Џон Коркуас
Бардас Фокас
IИгор I Киевски
Сила
15 брода(initially) 1,000 брода, 40,000 војска[1]

Руско-византиската војна од 941 година е воена експедиција од страна на Киевска Русија кон обидот да завладеат со Константинопол. Походот се случил во времето на Игор I Киевски.[2] Походот дополнително бил подржан од страна на Хазарите, главно поради прогонот на Евреите од страна на византискиот император Роман I Лакапин.

Во текот на мај 941 година, на северниот брег од Мала Азија пристигнала руската армија. Претходно, Киевска Русија била добро информирана за учеството на византиската флота во војната против Арапскиот калифат во Медитеранот, а додека најголемиот дел од императорската армија била стационирана на источниот брег.

Сепак, руската армија доживеала пораз, главно поради насилното оружје на Византија, т.н. грчки оган. Голем број на Руси биле заробени или убиени. На тој начин, Византија успеала да го отфрли нападот на Киевска Рус, но не и да го сперечи грабежот на паганите во градот Константинопол.

Во септември истата година, двајца водечки генерали на Византија, Џон Коркуас и Бардас Фокас се упатиле кон главниот град. Веднаш по ова, руските сили се насочиле кон Тракија, каде биле поразени од страна на водачот Тефанис. Скоро сите руски флоти биле уништени или заробени, а само неколку успеале да побегнат кон Крим. Царот Игор I Киевски исто така успеал да побегне но бил убиен во борбта со Арапите.

Видете исто[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Sources give varying figures for the size of the Rus fleet. The number 10,000 ships appears in the Primary Chronicle and in Greek sources, some of which put the figure as high as 15,000 ships. Liudprand of Cremona wrote that the fleet numbered only 1,000 ships; Liudprand's report is based on the account of his step-father who witnessed the attack while serving as envoy at Constantinople. Modern historians find the latter estimate to be the most credible. Runciman (1988), p. 111
  2. Some scholars have identified Oleg of Novgorod as the leader of the expedition, though according to traditional sources he had been dead for some time. See, e.g., Golb 106-121; Mosin 309-325; Zuckerman 257-268; Christian 341-345.

Наводи[уреди]