Опсада на Константинопол (1260)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За другите опсади на градот видете Опсада на Константинопол
Опсада на Константинопол (1260)
Дел од Никејско-латински војни
Byzantine Constantinople eng.png
Карта која го покажува градот во времето на Византија
Датум 1260
Место Константинопол , Латинска империја
Исход Повлекување на Никеја
Завојувани страни
Palaiologos flag Никејска империја Blason Empire Latin de Constantinople.svg Латинска империја

Опсадата на Константинопол од 1260 година претставува неуспешен обид за преземање на престолнината на Латинската империја од страна на Никејското царство.

Позадина[уреди]

По преземањето на Константинопол од страна на крстоносците, на територијата на Византија била формирана Латинската империја и неколку мали византиски држави, од кои најсилни биле Никејската империја и Епирското деспотство. Како основна и крајна цел на овие држави била повторното освојување на Константинопол и повторно обновување на Византија. Трапезунтското царство всушност не играела никаква улога во обидите за обновување на империјата.[1]

Опсада[уреди]

Плановите на никејскиот император Михаил VIII Палеолог биле насочени во две насоки. Најпрвин требало да се презема околината на денешната населба Галата со кое би се блокирал патот кон Златниот Рог и доаѓање на помош на градот по морски пат. Доколку би се успеало во ова, планот бил да се нападне градот кон главната порта.

Во текот на 1260 година, Михаил VIII Палеолог успеал да зазеде голем број на градови и територии кои припаѓале на Латинската империја, а по ова се упатил кон Константинопол и Галата и ги опседнал. Но војската која била поставена околу Галата се покажала многу посилна од очекувањето на Никеја, и портите на градот сепак не биле пробиени. Заклучувајќи дека градот нема да биде лесно освоен, Михаил III наредил опсадата да биде повлечена во април. [2]

Во август 1260 година, бил потпишан договор помеѓу Михаил VIII и Балдвин II во времетраење од една година (се до август 1261) [3].

Видете исто[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Bartusis, 39
  2. Bartusis, 39.
  3. Ostrogorsky, 449.

Литература[уреди]

  • Mark C. Bartusis, The Late Byzantine Army: Arms and Society, 1204-1453. University of Pennsylvania Press University, 1992. [1]