Операција Зора на Одисеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Операција Зора на Одисеј
Дел од Либиско востание (2011)
110319-N-XO436-138.jpg
Датум 19 март 2011 - во тек
Место Либија
Status во тек
Завојувани страни
 САД

 Велика Британија
 Франција
 Канада
 Италија
 Данска
 Норвешка
 Катар

 Либија
Команданти и водачи
САД Барак Обама

САД Сем Локлир
САД Картер Хем

Либија Моамер ал-Гадафи

Либија Саиф ал-Ислам Гадафи
Либија Камис Гадафи

Сила
непознато
Жртви и загуби
без жртви Оштетени поголем број на противавионска одбрана
Непознато, според некои медии кои се под гадафи нивниот број е 48 повредени[1]Шаблон:Dubious-inline

Операцијата Зора на Одисеј е тајното име на операцијата извршена од страна на војската на САД во Либија како први чекор во меѓународната операција. Операцијата следувала како дел од операција Ellamy на Обединетото Кралство, Операција Мобиле на Канада и Операција Harmattan на Франција.

Три невидливи американски бомбардери Б-2 и британски ловци – торнадо, ја продолжиле акцијата на 20 март. Околу 40 бомби завршиле врз неколку либиски воени бази во главниот град Триполи. Првата фаза од воздушните напади била оценета за успешна од страна на американскиот генералштаб и од истиот извор било изјавено дека воспоставиле зона на забрането летање. Целта на овие напади била да се спречат воздушните напади од страна на силите на Гадафи. Оваа операција била преземена по итната конференција која се одржала во Париз.

Команданти[уреди]

Стратешката насока на операцијата Зора на Одисеј била под надлежност на генералштабот на американската војска на чело со Картер Хем. Тактичката операција е под команда на адмиралот Сем Локлир, командант на поморските сили на САД.

Дејства[уреди]

Според заменик-адмиралот Вилијам Гортни, САД и Велика Британија лансирале кон Либија повеќе од сто проектили Tomahawk. Либиските државни медиуми исто така известиле за напади врз цивилни цели во големите градови, вклучувајќи ги и Триполи, како и објекти за складирање во градот Мисрата, што резултирале со пожари.

Според првите официјални податоци, по првиот напад на Алијансата, кога биле истрелани 112 томахавки, загинале 90 луѓе, а 150 биле повредени[2]

Наводи[уреди]