Омилена (ТВ Серија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Омилена
Жанр драма теленовела
Создадена од Жоао Емануел Карнеиро
Настапуваат Патрисија Пилар
Клаудија Раиа
Мурило Беницио
Маријана Шименез
Најавна песна Tango embalado pelo, grupo mexicano Bajofondo
Земја на потекло Бразил
Јазик португалски
Број на епизоди 197 (бразилско население)
Продукција
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Глобо
Емитување 2 јуни 200816 јануари 2009
Хронологија
Проследена од Патот на Индијките (2009)
Официјална Веб-страница

Омилена (португалски: A Favorita) е драматична бразилска теленовела. Серијата во Бразил започна со прикажување на 2 јуни 2008 на местото на новелата Двојно лице. Успехот веќе се бележеше после првото прикажување, а доброто сценарио, терминот на прикажување и мега популарната глумска постава не е возможно серијата да не биде со добар рејтинг. Писател на сценариото е Жоао Емануел Карнеиро.

Синопсис[уреди]

Донатела и Флора, две пријателки што се претвораат во ривалки. Една од нив извршила злосторство и лаже во врска со тоа. Две верзии на иста приказна. Која ја кажува вистината? Донатела или Флора?

Донатела и Флора се пораснати заедно. Донатела ги изгубила родителите во несреќа и била посвоена од скромното семејство на Флора. Како деца, биле најдобри пријателки сè додека ги запознаваат Марсело и Доди, на кои ќе им станат девојки. Донатела се венчава со Марсело, син на моќниот Гонсало Фонтити, сопственик на индустрија за хартија и целулоза, додека Флора се венчава со Доди, човек кој се изборил од дното и кој работи во фирмата на таткото на негов пријател.

Среќата на Донатела и Марсело трае кратко. Првото дете им е киднапирано по шест месеци од раѓање и никогаш повторно не се појавува. Оттогаш, почнуваат често да се караат. Флора се разведува од Доди и има врска со Марсело. Таа останува бремена и раѓа девојче, Лара, што ја раскинува уште повеќе врската меѓу двете пријателки.

Марсело е убиен со три куршуми од пиштол кој подоцна се открива дека го држела Флора. Таа е затворена и разделена од ќерка си Лара, на тогашна возраст од три години. Флора е осудена на 18 години затвор како казна за злосторството. Донатела не ѝ простува на својата пријателка и ја одгледува Лара.

Осумнаесет години подоцна, Флора излегува од затвор и сака да ја докаже својата невиност обвинувајќи ја поранешната ѝ пријателка за злосторството. Донатела, пак, се плаши Флора да не ѝ се доближува на Лара, на која ѝ вели дека ја сака како да ѝ е вистинска ќерка. Но, Лара се интересира за караницата меѓу двете жени кои некогаш биле пријателки. Додека животната цел на Флора е да ѝ се доближи на ќерка си, Донатела ќе прави сè што може за да го спречи тоа.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Патрисија Пилар Флора
Клаудија Раиа Донатела
Маријана Шименез Лара
Мурило Беницио Доди Фонтана
Мауро Мендонса Гонзало Фонтини
Глорија Менезес Ирене
Тарцисио Меира Копола
Кармо Дала Вечиа Зе Боб

Занимливости[уреди]

  • На почетокот на реализацијата, серијата имаше име под наслов Карма, па за втор пат да го замени како Последна пресуда и на крајот заради разни проблеми, Глобо одлучи серијата да го има името Омилена.
  • Негативката во серијата Флора, ќе биде откриена два месеца пред крајот на новелата.
  • За прв пат на ТВ екраните од оваа серија дебитираа глумците Жан Пјер Ноер, Тиаре Маиа, Кларис Фалкао, Хана Романаци, Ренан Мајер и Едуардо Мело.
  • Премиерата на серијата во Португалија, беше на 23 јуни 2008 во 21:25, но сега е преместена во терминот од 23:45.
  • Флора досега има убиено тројца ликови, мажот на Донатела и таткото на нејзината ќерка, Лара, Марсело Фонтини. Др. Салватор, докторот на Донатела, кој ја знаеше цела вистина и Маира, новинарка, пријател на Џо Боб која исто така ја откри целата вистина.
  • Приказната е класифицирана за гледачите над 12 години.


Надворешни врски[уреди]