Омар Бонго

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Омар Бонго Ондимба
Омар Бонго

Бонго во 2004

Мандат
2 декември 1967 година – 6 мај 2009 година
Заменик претседател(и)   Џоб Дивунди Ди Ндинге
Претходник Леон Мба
Следбеник Али Бонго Ондимба

Роден 30 декември 1935
Леваи, Француска Екваторијална Африка (денес Габон)
Починал 8 јуни 2009
Барселона, Шпанија
Партија Демократска партија на Габон
Сопружник Лујза Мујаби Мукала (1955-1989)
Пациенса Дабани (1959-1986)[1]
Едит Љуси (1990-2009)
Професија Правник
Религија католик, а потоа станал муслиман[2]
Претседател на Габон

Ел Хаџ Омар Бонго Ондимба (француски:El Hadj Omar Bongo Ondimba) (роден на 30 декември 1935 во Леваи, Француска Екваторијална Африка - почина на 8 јуни 2009[3] во Барселона) беше габонски политичар и претседател на истоимената земја цели 42 години, од 1967, па сè до неговата смрт во 2009.

Омар Бонго добил висока државна функција во раните 1960-ти, за време на претседателот Леон Мба. Во 1966, станал потпретседател, а по смртта на Мба во 1967, станал втор претседател на Габон. Со своите 32 години, во тој момент бил најмладиот претседател во светот.

По смртта на тогоанскиот претседател Гнасингбе Ејадема во 2005 година, Бонго стана најдолговечниот претседател во Африка.

Наводи[уреди]

  1. David E. Gardinier, "Gabon: Limited Reform and Regime Survival", in Political Reform in Francophone Africa (1997), ed. John F. Clark and David E. Gardinier, page 147
  2. Gabon president dies in Spanish hospital“, Globe and Mail.
  3. Почина габонскиот претседател Омар Бонго статија објавена од Форум

Надворешни врски[уреди]