Олимписки пламен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Палење на олимпискиот пламен на игрите во Берлин 1936.

Олимпискиот пламен е еден од најпознатите олимписки знаци. Симбол на вечниот оган, односно пламен, потекнува од Грчката митологија во која е познатата приказна за Прометеј кој му го украл огнот на богот Зевс, па потоа им го подарил на луѓето. Тој мотив грците го искористиле па за време на древните Олимписки игри секогаш го одржувале вечниот оган.

На модерните олимписки игри пламенот за првпат бил запален на IX Олимписки игри во Амстердам во 1928, а начинот за штафетното пренесување на факел бил воведен во склоп на припремите и отворањето на XI Олимписки игри во Берлин, во 1936 година.

Во истата година факелот за 8 дена помина од Олимпија до Берлин од 3422 километри а факелот го носеле 3422 тркачи. Карл Дим ја смислил идејата Олимпискиот пламен да се донесе од Олимпија до Берлин со штафета.

Надворешни врски[уреди]