Оливер Месечковски - Урнебес од волшебни напивки

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Оливер Месечковски - Урнебес од волшебни напивки“ (англиски: Oliver Moon and the Potion Commotion) е книга за деца од британската писателка Су Монгредин (Sue Mongredien). Книгата е објавена во 2007 година од издавачката куќа „Азборн паблишинг“ (Usborne Publishing Ltd.), додека во Македонија, таа е издадена од „Три“ во 2010 година, а во превод на Марија Среброва и Мирјана Буразер.[1]

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Книгата е со обем од 20 сантиметри, има 94 страници и, покрај текстот, содржи илустрации, коишто се дело на Јан Мекаферти. Лектурата на текстот ја извршила Васка Кочовска, а технички уредник е Славко Јовановски. Книгата е испечатена во печатницата „Графотрејд“. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4577-88-1.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата содржи седум глави, во кои се опишани доживувањата на детето Оливер Месечковски кое учи во училиштето за вештери.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Су Монгредин, Оливер Месечковски - Урнебес од волшебни напивки, Скопје: Три, 2010.