Октај Ахмед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Октај Ахмед (турски: Oktay Ahmed; Скопје, 24 ноември 1967) — јазичар, универзитетски професор, македонски поет[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во Скопје на 24 ноември 1967 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје, каде што и магистрирал и докторирал лингвистика. Работи на Катедрата за турски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје како редовен професор и во моментов е Раководител на истата катедра. Член на ДПМ од 1995 година. Автор е на книгите: Симфонија (1994), Точка запирка (1998). Има и две одиграни драми. Од лингвистичките трудови, најзначајни му се книгите „Вовед во морфологија на турскиот јазик“ (2008) и „Зборовните групи во турскиот јазик: Теорија и анализа“ (2021). Од 1988 година е член на организацијата на луѓе со натпросечна интелигенција, Меѓународна Менса (Mensa International), како и основач на македонскиот огранок, Менса Македонија, во 1999 годима.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Павловски, Јован; Раде Силјан (2004). Македонски писатели. Веле Смилевски. Друштво на писателите на Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]