Оксидоредуктаза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Оксидоредуктаза е ензим кој го катализира преносот на електрони од една на друга молекула. Овие ензими како кофактори најчесто користат NADP или NAD+.

Реакции[уреди]

На пример, оксидоредуктаза е ензим кој ја катализира следнава реакција:

A + B → A + B

Во овој пример, A е електрон донор и B е електрон акцептор.

Класификација[уреди]

Оксидоредуктазите се класифицирани број EC 1 во класификацијата на ензими. Тие понатаму можат да бидат поделени на 22 подкласи:

  • EC 1.1 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH-OH донорна група (алкохол оксидоредуктази)
  • EC 1.2 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на алдехидната или оксо донорна група
  • EC 1.3 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH-CH донорна група (CH-CH оксидоредуктази)
  • EC 1.4 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH-NH2 донорна група
  • EC 1.5 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH-NH донорна група
  • EC 1.6 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на NADH или NADPH
  • EC 1.7 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на други азотни соединенија како донори
  • EC 1.8 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на сулфурна група како донори
  • EC 1.9 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на хем групата како донори
  • EC 1.10 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на дифенолите и слични супстанци како донори
  • EC 1.11 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на пероксидите како акцептори (пероксидази)
  • EC 1.12 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на водородот како донори
  • EC 1.13 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на поединечни донори со инкорпорација на молекуларен кислород (оксигенази)
  • EC 1.14 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на спарени донори со инкорпорација на молекуларен кислород
  • EC 1.15 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на супероксид радикалите како акцептори
  • EC 1.16 вклучува оксидоредуктази кои ги оксидираат металните јони
  • EC 1.17 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH или CH2 групите
  • EC 1.18 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на железо-сулфур протеините како донори
  • EC 1.19 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на редуциран флаводоксин како донор
  • EC 1.20 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на фосфорот или арсенот во донори
  • EC 1.21 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на X-H и Y-H до формирање на X-Y врска
  • EC 1.97 вклучува други оксидоредуктази