Караш-Северин (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Округ Караш-Северин)
Округ Караш-Северин
Caraş-Severin
Грб
Местоположба на округот Караш-Северин во Романија
 
Покраина Банат
Седиште Решица
Население 333.219 (2002)
Површина 8.514 km2
Густина на населеност 39/km2
ISO 3166-2 шифра RO-CS
Мрежно место www.cjcs.ro


Караш-Северин (романски: Judeţul Caraş-Severin, унгарски: Krassó-Szörény megye) е округ во Романија, сместен во западниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Решица, а значајни градови се и Карансебеш, Нова Молдавија, Анина и Оравица.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Решица е главен град на округот.

Округот Караш-Северин е копнен округ во Романија, кој се наоѓа на границата кон Србија. Окружен е:

Релјеф[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа во историската област Банат. Најголем дел од неговата површина е покриена со Банатските планини, а на крајниот западен дел се наоѓа најисточниот дел на Панонската низина. Големо значење за округот има и реката Дунав, која е главен водотек во регионот и ја сочинува границата меѓу Романија и Србија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Округот спаѓа во групата на повеќенационални окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 88,2% од населението во округот, Ромите 2,4%, 1,9% се Хрвати, по 1,8% Германци и Срби, 1,7% Унгарци и 1% Украинци. Останатите 0,2% од населението се припадници на некоја друга националност.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]