Округ Вестморленд (Вирџинија)
Округот Вестморленд (англиски: Westmoreland County) е округ во Северен Нек во сојузната американска држава Вирџинија. Според пописот од 2000 година, округот има околу 16.718 жители и главен центар на округот е градот Монтрос. Овој округ е познат по тоа што е родно место на првиот американски претседател - Џорџ Вашингтон. Вашингтон бил роден во тогашната населба Бриџес Крик, а овој округ е родно место и на петтиот американски претседател - Џејмс Монро, меѓу останатите видни американски општественици од Вестморленд.[1]
Содржина |
Географија[уреди]
Според Заводот за статистика на САД, округот има вкупна површина од 655 километри квадратни, од кои 593 километри квадратни се земја, а 60 километри квадратни се вода. Овој округ се наоѓа на полуостровот Северен Нек во сојузната држава Вирџинија.
Округот Вестморленд граничи со следните окрузи:
- Округ Чарлс - север
- Округ Сент Мери - североисток
- Округ Нортамберленд - југоисток
- Округ Ричмонд - југ
- Округ Есекс - југозапад
- Округ Кинг Џорџ - југозапад
Градови[уреди]
Поврзано[уреди]
Наводи[уреди]
- ↑ Marquis, A.N. Company. Who's Who In America, vol. 1:Historical Volume (1607-1896), revised ed., Marquis, A.N. Company., 1967.
Надворешни врски[уреди]
- Трговска комора на округот Вестморленд
- Гувернер на округот Вестморленд
- Историја и генеологија на округот Вестморленд

