Бихор (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Округ Бихор)
Округ Бихор
Bihor
Грб
Местоположба на округот Бихор во Романија
 
Покраина Кришана
Седиште Орадеја
Население 600.223 (2002)
Површина 7.544 km2
Густина на населеност 84/km2
ISO 3166-2 шифра RO-BH
Мрежно место www.cjbihor.ro


Бихор (романски: Judeţul Bihor; унгарски: Bihar megye) е округ во Романија, сместен во северозападниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Орадеа, а значаен е и градот Салонта.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Орадеа е главен град на округот.

Округот Бихор е копнен округ во Романија и пограничен кон Унгарија. Окружен е:

Релјеф[уреди | уреди извор]

Бихор се наоѓа во историската област Кришана. Западниот дел од округот е рамничарски, во кој се простира Панонската низина, додека источниот дел е планински со планината Бихор. Големо значење за округот има реката Киреш, која тече во правец исток-запад.

Демографија[уреди | уреди извор]

Округот спаѓа во повеќенационалните окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 67,6% од населението во округот, Унгарците 26%, 5% се Роми, 1,2% Словаци, а 0,2% се припадници на некоја друга етничка заедница.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]