Оклендски универзитет
| Оклендски универзитет | |
|---|---|
| The University of Auckland Te Whare Wānanga o Tāmaki Makaurau |
|
|
|
|
| Гесло: | Ingenio et labore (лат.) |
| превод: | Со способност и труд |
| Основан: | 1883 |
| Тип: | државен |
| Канцелар: | Роџер Франс |
| Вице-канцелар: | Стјуарт Мекачен |
| Студенти: | 38.502 (2007) [1] |
| Постдипломци: | 9.008 |
| Локација: | Окленд, Нов Зеланд |
| Кампус: | урбан, 16 хектари |
| Афилијации: | Universitas 21, AMBA, EQUIS, AACSB. APRU |
| Мреж. место: | www.auckland.ac.nz |
Оклендскиот универзитет (англиски: The University of Auckland, маорски: Te Whare Wānanga o Tāmaki Makaurau) е најголемиот и најуспешниот универзитет во Нов Зеланд. Основан е во 1883 како составен колеџ на Универзитетот на Нов Зеланд. Денес има осум факултети на преку 6 кампуси, и повеќе од 39,000 студенти (април 2006). [1]
Универзитетот нуди разни програми за струки како Хуманитарни науки, Бизнис, Образование, Музика, Педагогија и образование за посебни потреби, Архитектура, Планирање, Медицинска нега, Креативни и репродуктивни уметности, Теолофија, Наука, Информациски менаџмент, Инженерство, Медицина, Оптометрија, Домаќинство и винска наука, Недвижнини, Право, Фина и ликовна уметност и Фармација.
Исто така универзитетот нуди двојни струки, со преку 35 комбинации. Овие им овозможуваат на студентите да се стекнат со две струки во пократко време.
Во 2004 на Оклендскиот Универзитет се запишале над 1300 кандидати за докторски студии.
Содржина |
Локации [уреди]
Градскиот кампус, во центарот на Окленд, го содржи најдолемиот број на. Зафаќа површина од 160,000 м².
Кампусот во Тамаки, основан во 1991 зафаќа површина од 320,000 м² во населбата Глен Инес, 12 км од градскиот кампус. Тука се нудат струки од здравството, спорт, животната околина, енологијата и информатиката, како и комуникации и елестроника, материјали и изработка, храна и биотехнологија и иформациски менаџмент.
Кампусот за медицина и здравство е основан во 1968 и се наоѓа близу градскиот кампус во населбата Графтон, спроти Оклендската болница. Тука се факултетите за Медицински и здравствени науки, Фармацевската школа и Одделот за оптометрија.
Кампусот на Цеверниот Брег, основан во 2001, се наоѓа во населбата Такапуна. Нуди дипломи за Бизнис и Информациски менаџмент.
На 1 септември 2004, Окелднскиот Образовен Колеџ се припоил кон универзитетот формирајќи го најновиот факултет. Тој се наоѓа во населбата Епсом со додатен кампус во градот Фангареи.
Факултети [уреди]
- Хуманитарни науки [2]
- Бизнис и економика[3]
- Креативни уметности и индустрии[4]
- Образование[5]
- Инженерство[6]
- Право[7]
- Медицински и здравствени науки[8]
- Наука[9]
Школи вон факултети [уреди]
- Теологија[10]
Здружение на студенти на Оклендскиот универзитет [уреди]
Здружението на студентите на Оклендскиот универзитет (Auckland University Students' Association или AUSA) ги претставува студентите на универзитетот. Тоа е гласник за прашањата и проблемите на студентите, администратор на студентските места, и организира универзитетски клубови и друштва. Ова здружение исто така го издава студентскиот весинк Кракум и ја држи радио станицата bFM.
Околни градски знаменитости [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Оклендски универзитет“ |
- Универзитетскиот веб-сајт (англиски)
- Алумни и пријатели (англиски)
- Здружение на Студенти на Оклендскиот универзитет (AUSA) (англиски)
- Кракум (Craccum) (англиски)
- 95bFM (англиски)
Наводи [уреди]
- ↑ Уписи во вишите и високите образовни установи (англиски)

